Покана за медиуми
Почитувани,
Министерството за социјална политика, демографија и млади и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Ве покануваат да го проследите Форумот за социјални претприемачи што ќе се одржи во Скопје на ден 06.11.2025 година со почеток во 09:00 часот во Europe House.
Форумот е заокружување на проектните активности на Регионалниот инкубатор за социјални претприемачи (RISE), подржани од Француската агенција за развој (AFD), Европската унија, Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Француско-германската канцеларија за млади (FGYO).
На Форумот ќе учествуваат претставници на институции, граѓански организации, приватниот сектор и млади социјални претприемачи.
Главната цел на настанот е да се поттикне соработката за развој на социјалното претприемништво како поттик за вработување на младите, јакнење на заедницата и подобрување на регионалната соработка преку меѓукултурен дијалог.
Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот и да ја извести јавноста за истиот.
Агенда