Објавено на 03.09.2024

Врз основа на член 55 став (1) од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на РСМ“ бр.96/19, 110/19, 154/19 и 121/2024), а во врска со член 8 став 5 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024) и член 46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“  бр. 283/23 и 169/2024), Министерот за социјална политика, демографија и млади, донесе  

 

Критериуми и процедури

за распределба на капитална дотација за инфраструктурни проекти во општините во областа на социјалната и детската заштита за 2024 година

 

Во Буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади за 2024 година во разделот 150.01 – Финансирање на дејностите од областа на социјалната и детската заштита, во Програма/Потпрограма А – Децентрализација, АА Инфраструктурни проекти во општините, категорија 48 - капитални расходи, на ставка 488 - капитални дотации до ЕЛС, дополнително со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 169/2024) се предвидени средства за оваа намена.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе ја изврши распределбата на овие капитални дотации за инфраструктурни проекти во општините за 2024 година во согласност со Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година.

 

 I. КРИТЕРИУМИ

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе ја изврши распределбата на капиталните дотации за инфраструктурни проекти во општините од областа на социјалната и детската заштита,  според следните критериуми:

 - Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.

- Комплетноста на потребната проектна документација со сите потребни дозволи и согласности, со реведирана предмер пресметка не постара од 12 месеци.

 

 II. ПРОЦЕДУРИ

Во согласност со член 8 став (1) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/04, 96/04, 67/07, 156/09, 47/11, 192/15, 209/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 244/19, 53/21, 77/21, 150/21, 173/22 и 170/2024), со дотации од Буџетот на Република Северна Македонија и од буџетите на фондовите се обезбедуваат дополнителни приходи во буџетот на општината за финансирање на нејзините надлежности определени со закон.

Во согласност со член 8 став 3 од овој Закон, видот, износот и распределбата на дотациите по општини се составен дел од Буџетот на Република Северна Македонија и на буџетите на фондовите.

Во согласност со член 11 став 5 од овој Закон, во случај на обезбедување на дополнителни средства со изменувањата и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија, надлежните министерства и фондовите во рок од еден месец од денот на влегувањето во сила на истите ги објавуваат утврдените критериуми, процедури и рокови за распределба на капиталните дотации.

Во согласност со член 11 став 6 од истиот Закон, капиталната дотација се користи врз основа на донесена Одлука од Владата на Република Северна Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади на својата веб-страница ќе ги објави критериумите и процедурите за распределба на капитални дотации за инфраструктурни проекти во општините во областа на социјалната и детската заштита за  2024 година.

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Министерството за локална самоуправа ќе формира меѓуресорско, Координативно тело за следење и координација на активностите за спроведување на Програма/Потпрограма А – Децентрализација, АА Инфраструктурни проекти во општините. Министерството за локална самоуправа ќе објави повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти врз основа на критериумите објавени во оваа објава.

Владата на Република Северна Македонија, врз основа на член 11 став 6 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа и согласно член 46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, на предлог на Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Министерството за локална самоуправа ќе донесе Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година.

По донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе додели договори со кои ќе бидат регулирани правата и обврските на Министерството за социјална политика, демографија и млади и на единицата на локалната самоуправа корисник на средствата за капитални дотации за инфраструктурни проекти за 2024 година.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го следи користењето на капиталната дотација, а согласно член 46-б од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2024 година, исплатата на средствата ќе се врши врз основа на изведени работи и комплетна исплатна документација.

При констатирање неправилности во користењето на дотацијата, Министерството за социјална политика, демографија и млади може да ја запре исплатата на средствата и за тоа ќе го извести Министерството за финансии.

 

III. НАЧИН НА РАСПРЕДЕЛБА

Евалуационата комисија ќе изврши проверка на комплетност и валидност, селекција, и ќе достави предлог за избор на проекти за финансирање до министерот за социјална политика, демографија и млади.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе достави предлог Одлука за користење капитални дотации за инфраструктурни проекти за општините за 2024 година, до Владата на Република Северна Македонија.

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе ги додели договорите за капитални дотации во областа на социјалната и детската заштита за 2024 година веднаш по донесувањето на Одлуката од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }