22.10.2024

Средба Лимани- Бауер во Женева: Заедно со UNFPA ги мапираме предизвиците и креираме решенија кои вистински ќе им помогнат на граѓаните 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска одржа особено важна средба со Регионалната директорка за Источна Европа и Централна Азија на UNFPA, Флоренс Бауер во Женева.

Соговорниците разговараа на три клучни теми: родово базирано насилство, демографија и млади.

Зборуваа и за резултатите од досегашните политики и мерки кои се преземени во овие области, но и за можностите за унапредување на истите.

Двете страни се согласија дека анализите на терен најдобро ги отсликуваат резултатите од донесените политики и дали тие навистина допираат до граѓаните. 

Во таа насока донесоа заклучок дека периодот пред нас, ќе бидат засилени заедничките  активности со цел правилно мапирање на предизвиците со кои се соочуваме и носење на решенија кои вистински ќе им помогнат на оние кои се засегнати, особено жртвите на родово базирано насилство. Како особено важно беше истакнато и овозможувањето на поголема покриеност на услугите на национално ниво.

Средбата се случува на маргините на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }