02.09.2024
ВЕЛКОВСКИ: Фокусот ни е на младите!
Денеска имав чест да бидам дел од панел дискусијата организирана од страна на ОБСЕ како дел од Истражувањето за млади и безбедност на тема "Перцепции, ставови и предизвици на младите".
Несомнена е потребата за креирање политики и одржливи системски решенија кои ќе бидат насочени кон младите, рече Велковски.
Голема задача е пред нас! Инвестирањето во младите е основен услов за создавање на здраво општество!
Во периодот што следи Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе развива политики и проекти за добробит на секој млад човек! Заедно со младите ќе развиваме партнерски однос во креирањето на инклузивни политики од сите области, вклучувајќи ја и безбедноста на младите.