Објавено на: 21.12.2022

Врз основа на член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците (,,Службен весник на РСМ,, бр.96/2019), Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи при Министерството за труд и социјална политика вршат објава на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика:  

 

ЈАВНА ОБЈАВА ЗА ДОСТАВУВАЊE

Министерството за труд и социјална политика, Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи му соопштува на наведеното правно лице сторител на прекршок по Законот за работните односи, дека направи два последователни обиди за доставување на РЕШЕНИЕ по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка од страна на овластен подносител кое не е во состојба да го достави со лична достава и тоа на:         

1.Друштво за угостителство, услуги и трговија Џезз Клуб ДООЕЛ Скопје,со седиште на ул. ,,Васил Ѓоргов-ТЦ Капиштецлок 14 и 15, Скопје со ЕДБ 4080021595630, со ЕМБС ЕМБС 7483643, со жиро сметка бр 270-074836430117, депонент во Халк Банка АД Скопје, како одговорно правно лице. 

Се повикува горенаведеното правно лице, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јави во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Комисија за одлучување по прекршок, на ул.,,Даме Груев,, бр.14, Скопје, во својство на странка за прием на горенаведеното решение, секој работен ден од 7:30-16:30 часот, на кое може да се поднесе тужба за поведување на управен спор, во рок од 30 дена од денот на приемот на решението, согласно член 70 од Законот за прекршоците.

Предупредување: Доколку горенаведеното лице не се јави, ова соопштение со јавна објава ќе се смета за уредно доставување што е согласно член 56 став (5) и член 57 став (4) од Законот за прекршоците, а негативните последици кои можат да настанат ги сноси самата странка.

 

Комисии за одлучување по прекршок од областа на работните односи


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }