Програма на ЕУ „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи  (employment and social innovation - EaSi)

Програмата „Вработување и социјални иновации“ – ЕаСи (Employment and Social Innovation - EaSi) е финансиски инструмент на Европската Унија со кој директно управува Европската комисија. Програмата обезбедува поддршка на вработувањето, социјалната политика и мобилноста на работната сила во ЕУ. Со овој инструмент се финансира развој и тестирање на иновативни решенија за поттикнување на одржлив долгорочен раст и работни места, намалување на разликите помеѓу државите членки и постигнување на напредок во намалување на социјалната нееднаквост.

Програмата ЕаСи се состои од три потпрограми:

  •      Прогрес – Модернизација на политиките за вработување и социјалните политики

  •      Микрофинансирање и социјално претприемништво

  •      ЕУРЕС – Унапредување на мобилноста на работната сила

Република Македонија склучи Спогодба со Европската комисија за учество во програмата ЕаСи. Спогодбата беше потпишана на 31.1.2015 во Скопје и на 30.3.2015 во Брисел. За да стапи во сила, се спроведе постапка за ратификација на Спогодбата од Собранието на Република Македонија. Законот за ратификација на спогодбата меѓу Република Македонија и Европската Унија за учество на Република Македонија во програмата на Европската Унија „Вработување и социјални иновации" беше објавен во Службен весник на РМ  бр. 125 од 24.07.2015. Спогодбата овозможува учество во потпрограмите ПРОГРЕС и Микрофинансирање и социјално претприемништво. Република Македонија нема да има право на учество во активностите на потпрограмата ЕУРЕС.

Цели на програмата ЕаСи

  •      Координација на активностите на ниво на ЕУ и на национално ниво во областа на вработувањето и социјалните прашања.

  •      Поддршка на развојот на адекватен систем на социјална заштита и на политиките на пазарот на трудот преку зајакнување на доброто владеење, преку взаемно учење и социјални иновации.

  •      Модернизација на законодавството на ЕУ и ефективна примена на правото на ЕУ.

  •      Зголемување на географската мобилност на работната сила.

  •      Зголемување на достапноста и пристапот до микрофинансирање за ранливите групи и микропретпријатија и зголемување на пристапот до финансии за социјалните претпријатија.

ЕаСи во бројки

  •      Вкупен буџет: 919 469 000 евра по сегашни цени

  •      Индикативна распределба на средствата: 61% за ПРОГРЕС, 21% за Микрофинансирање и социјално претприемништво и 18% ЕУРЕС.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }