МТСП: Со двата нови Дневни центри во Велес и Кочани помагаме во развој и во вклучување во социјалниот живот на лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска отвори Дневни центри за лица со попреченост, во Велес и во Кочани. Центрите се опремени по најсовремени стандарди и со нив треба да се зголеми квалитетот на животот на децата и на лицата со попреченост во овие два града и oколината.

„Овие социјални сервиси значат многу за развојот на лицата кои ги посетуваат, но и за самата локална заедница. Корисниците кои на неколку саати секојдневно престојуваат во нив имаат програмски активности кои се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, а се работи и во група и со родителите на корисниците“, изјави министерката Царовска. 

Центрите, истакна Царовска помагаат и во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, како што се правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здавствена заштита, рехабилитација и вработување.

Капацитетот на Дневниот центар во Велес е за шест, а во моментот го посетуваат пет деца, додека во кочанскиот центар има четири корисници, а капацитетот е поголем.Министерството за труд и социјална политика, покрај центрите во Велес и во Кочани, овој месец отвори и други два дневни центри во Прилеп и во Македонска Каменица. Од претходно  веќе функционираат  околу 30-тина Дневни центри низ цела Македонија кои имаат 431 корисник до 18 години и 187 корисник над 18 години. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }