Средба на министерката Шахпаска и австрискиот амбасадор Вуцас: Австрија е силен поддржувач на политиките на Северна Македонија во областа на трудот и социјалата, соработката во размена на искуства продолжува

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија, д-р  Георг Вуцас, на која уште еднаш беа истакнати пријателските односи коишто ги негуваат двете земји и  долгогодишната  поддршка на Република Австрија во многу проекти од областа на трудот и социјалната заштита.

 

Министерката Шахпаска посочи дека работата во Министерството  за труд и социјална политика е голем предизвик и во нормални околности , а  уште поголем во време кога целиот свет е погоден од корона кризата од кој не е исклучок ниту нашата држава.

 

„Владата на Република Северна Македонија во време на пандемија предизвикана од корона вирусот воведе економски пакети за помош на граѓаните, стопанството , економијата. Зачувувањето на секое работно место и помош на најранливите категории на граѓани се наш приоритет и тоа го реализиравме токму преку мерките за помош во корона криза во изминатиот период. Во подготовка е и  четврт пакет економски мерки кои се однесуваат на помош и поддршка на самохраните родители, пензионерите со ниски пензии и останати категории кои не беа опфатени со досегашните мерки“, истакна Шахпаска.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете земји, потпишаниот  Меморандум за соработка од областа на трудот и социјалната  политика меѓу двете земји во 2014 година, а продолжен во 2019 година,  кој меѓу другото вклучува размена на искуства од областа на трудот и социјалната политика, право на вработените од областа на безбедност и здравје при работа и трудовата инспекција, развој на социјалниот дијалоги други области.

 

Амбасадорот Вуцас нагласи дека од исклучително значење е двете држави да го продолжат Меморандумот за соработка и изрази надеж дека условите со светската пандемија ќе дозволи тоа, овој пат  да се случи во Република Северна Македонија.

Како приоритети на кои ќе работи Министерството за труд и социјална политика во периодот кој следува Шахпаска ги посочи социјалната реформа и нејзината имплементација, децентрализацијата на социјалните услуги, деинституализацијата  и новиот Закон за работни односи кој претставува втор стожерен закон кој ќе ги уредува прашањата во областа на трудот.

 

На денешната средба беа вклучени и претставници на СОС детското село, проект започнат 1997 година, а веќе од 2002 година започнат со згрижување на деца, како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски Села Интернационал,  присутна во 136 земји во светот е посветена на заштита и примена на детските права.

Амбасадорот, д-р Георг Вуцас изрази задоволство од денешната средба  со министерката Шахпаска во однос на успешно продолжување на започнатите проекти и во насока на идна и плодна соработка во областа на  трудот и социјалните политики.

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }