Листа на барања и одговори во 2020 година

Барање бр.14-3224/1: 1) Дека социјалната помош уредбено била за тие денари до само семејни лица кои се домаќински невработени во неформалната економија а не за невработени што немале нивно домаќинство или лично семејство и поради тоа не им следувало; 2)дека мерката на Владата уредбено била усогласена со Упатство бр.44-5765/1 од 12 септември 20217 година за начинот на постапување на Министерствата, другите органи на државната управа и управните организации за врема на изборниот процес.

Барање бр.14-3224/7: Дека информацијата на веб страната https://kupuvamdomasno.gov.mk не се однесува на материјално необезбедени домаќинство. -Барањето е препратено до Министерство за финансии.

Барање 14-3597/1: Листа на недвижностите над кои имате кориснички права, со податоци на КП, КО, р. на Имотен лист и правен акт врз основа на кој ги користите објектите за по сите општини.

Барање бр.14-3433/1: Да ми ја доставите согласноста за вработување бр.18-932/9 од 03.12.2019 година.

Барање бр. 14-3141/1: 1. Колку лица има/имало ангажирано во ПО/ПЕ во Прилеп по основ на волонтерски договот, договор за дело, договор за услуги, договор на определено време и договор/решение на неопределено време од 01.07.2017 година до 20.04.2020 година? 2. Доколку има, кои се тие лица поеднечно (список) и на какви работни задачи се/биле распределени секој од нив поединечно? 3. Доколку има/имало такви лица за кој период се ангажирани и по кој основ од погоре наведените се/биле ангаѓирани? 4. Да ни ја доставите систематизацијата на работни места за ПО/ПЕ во Прилеп. 

Барање бр. 14-3596: 1. Статистички преглед од Неделните извештаи за поднесени пријави на семејно насислтво од центрите за социјална работа за месеците: -март, април и мај за 2019 година; -март, април и мај за 2020 година.

Барање  бр.14-2770/1: До која дата контролното непријавување на невработените лица ќе остане оправдано запрено без за тоа да се одлага социјалната помош?

Барање бр. 14-1227/1: Колкав е бројот на деца родени во периодот после 11.04.2010 како четврто дете во фамилијата кои примаат родителски додаток за четврто дете?

Барање бр. 14-1811/1: Ваша информација за тоа кои невработени лица се опфатени со мерката 7 од вчерашната конференција на Влада дека поради вирусната пандемија ќе води грижа за лица во неформална економија со 20.000 домаќинства на 30.000 корисници.

Барање бр. 14-2710/1: Број на вработени во Вашата институција кои се во редовен работен однос (без оглед според кој закон) со состојба на 31.12.2016 година и состојба на 29.02.2020 година; Број на лица ангажирани во вашата институција со договор за привремено вработување со состојба на 31.12.2016 годиа и состојба на 29.02.2020 година и Број на лица ангажирани во вашата институција со договор за дело со состојба на 31.12.2016 година и состојба на 29.02.2020 година.

Барање бр.14-2764/1: 1. Статистички податоци за број баратели на азил кои се сместени во Прифатниот центар во Визбегово ......

Барање бр.14-2962/1: Екс-пост анализи за следните национални стратегии: Стратегија за Ромите во Република Македонија 2014-2020; Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2016-2020; Стратегија за родова еднaквост 2013-2020; Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија 2018–2027 „Тимјаник“; ЕСРП 2020-Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика; Национална стратегија (2020-2025) и Акциски план (2020-2022) за превенција и заштита на децата од насилство; Програма за развој на социјалната заштита 2011-2021;Национална стратегија за стари лица 2010-2020; Национална стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост 2010-2020; Стратегија за формализирање на неформалната економија  во Република Македонија 2018-2022 и Национална стратегија за вработување на Република Македонија 2016-2020.

Барање 14-2866/1: Анализи за Проценка на влијание на регулативата за следните закони: Закон за семејството; Закон за азил и привремена заштита; Закон за заштита на децата; Закон за еднакви можности на жените и мажите

Барање 14-3034/1: Се обраќам до Секторот за  правни и нормативни, општи и заеднички работи  со барање за добивање на известување во врска со примената на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба ( "Сл. Весник на РСМ" бр.94/2020 од 07.04.2020 година ) односно дали Уредбата се применува освен за надоместоци на плата од членот 112 од Законот за работните односи и на членот 113 од Законот за работните односи односно дали наведената Уредба се применува и на надоместоците на трошоците поврзани со работата ( дали смее да се исплаќа парична помош, отпремнини и боледувања подолги од 6 месеци на вработените во јавниот сектор за времетраењето на вонредната состојба.

Барање бр.14-2757/1: Која институција треба да го плати придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, согласно член 98 г, д, ќ, е, ж од Законот за дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (Сл. Весник на РМ, бр. 56 од 07.04.2015 година. Имено, овој член е во колизија со членот 106 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (Сл. Весник на РМ, бр. 98/12....245/18), со кој во стаж на осигурување се смета времето поминато во задолжителното осигурување под услов да е платен придонесот за пензиското и инвалидското осигурување. ( Дали придонесот го плаќа Министерството за финансии или Владата на РСМ?)

Барање бр. 14-3432/1:1. Согласно со Годишниот оперативен план за 2019, Ве замолуваме да ни доставите известување дали се спроведени сите активности предвидени во истиот?.....

Барање 14-3959/1: Листа за недвижностите над кои имате кориснички права,со податоци за КП, КО, бр. на Имотен лист и правен акт врз основа на кој ги користите објектите за по сите општини.

Барање 14-5261/1: Вкупен број на корисници  на правата на социјална парична помош по поединечни права во меѓуопштинските центри за социјална работа за кои сте надлежни според етничката припадност за период 2015 – 2019 (поединечно, година по година) и за 2020 година за секој месец од јануари до август поединечно (јануари, февруари, март, април, мај, јуни, јули и август) (Прилог)

Барање 14-6586/1: 1.Дали во изминатиот период 2016-2020 има зголемување на додатокот за семејна грижа во згрижувачки семејства (Да/Не) (доколку Да, за колку % е зголемувањето)?....

Барање 14-6796/1: Заради изработка на научен труд со кое ќе учествувам на Меѓународна научна конференција Охридска школа на правото – 2020 потребни ми се официјални податоци за примени пријави за семејно насилство во периодот од воведување на вонредната состојба во РСМ од 18.03.2020 до денес, како и податоци за истиот период за 2018 и 2019 година.

Барање 14-7293/1: Дали она што е определено, дадено, назначено во решението за вработување или распоредување, како ситуација de jure, треба во потполност, целосно, исклучиво да се поклопува, да е соодветна на фактичката ситуација, de facto?  

Барање 14-7598/1: Со кои единици на локалната самоуправа Министерството за труд и социјална политика има склучено договор за соработка за проектот „Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки), на национално ниво? Во кои општини се имплементира овој проект?

Барање бр.14-2240/1: Дали и како- во која процедура и вклучувајќи ги кои актери- Министерството за труд и социјална политика алоцира фондови за генерички или специјализирани организации кои нудат поддршка за жртви и доколку да, дали при тоа се алоцираат средства според категории на жртви (жени жртви на родово базирано насилство, деца-жртви, жртви на дела од омраза, жртви со попреченост, жртви на тероризам и други категории на жртви)? Доколку да, која е алоцираната сума за 2019 (доколку имате податоци, 2018 и 2017 година)?

Барање бр.14-2239/1: Согласно информациите добиени преку open.finance.gov.mk ги добив следните информации за извршена исплата:

24.12.2019 Отворена порта Скопје, Министерство за труд и социјална политика 150010029963718 463 110 80, 400.000

30.12.2019 Отворена порта Скопје, Министерство за труд и социјална политика 150010029963718 463 110 80, 200.000

25.12.209 Отворена порта Скопје, Министерство за труд и социјална политика 150010029963718 463 110 80, 200.000

06.09.2019 Отворена порта Скопје, Министерство за труд и социјална политика 150010029963718 463 110 80, 200.000

23.09.2019 Отворена порта Скопје, Министерство за труд и социјална политика 150010029963718 463 110 80, 200.000

Ве молам да ме известите врз основа на што се доделени овие средства и да ме информирате врз основа на која постапка, документација и слично е извршена оваа исплата? 

Барање бр.14-1642/1: Кој е паричниот износ а постојана парична помош на лице постаро од 65 години што само живее со поднесено барање на 15.01.2019 година и без никакви дополнителни приходи? Кој е законскиот паричен износ?

Барање бр. 14-3147/1: Ве молиме да ни доставите известување за спроведеното расчистување на теренот и рушење на импровизираните живеалишта на ромската заедница на локација ГП.бр.2.1., КО Центар 1, ДУП Централно зеленило покрај река Вардар-Парк 2, а за кое известуваа и повеќе медиуми на 04.08.2016 година, како заедничка акција на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика..... 

Барање бр. 14-9744/1: Опис како државата обезбедува почитување на членот 14, став 1 и 2 од Законот за ратификација на конвенцијата за трудови статистики, 1985 (Ц160). Конкретно, не интересира како Република Северна Македонија води статистика за болестите и повредите на работно место и каде ги објавува овие податоци. Доколку постојат одредени извештаи или места каде може да се најдат овие податоци, ве молиме да ни посочите како можеме да им пристапиме. Би сакале да ги добиеме информациите за последните 5 години, 2014-2018 година. Ве молиме да ни одговорите на прашањето, колку изнесува бројот на потешко повредени луѓе на работни места, колку на полесно повредени, а и колкав е бројот на смртни случаи на работно место за годините 2014, 2015, 2016, 2017 и 2018?

Барање бр. 14-10110/1: Ве молам за информација, согласно кој закон се постапува во врска со донесување на решение за работа со скратено работно време на државен службеник? Дали еднаш донесено решение за работа со скратено работно време има неограничена важност или потребно е по истек на определено време повторно да се разгледа можноста за работа со полно работно време и кој орган е надлежен? Кој орган го донесува решението за скратено работно време?

Барање бр. 14-8978/1: Број на деца Роми вклучени во предучилишно образование во новата учебна 2019 од септември месец, по општини и пол? Колку од нив се ослободени од плаќање на партиципација?  Одговор на барањето

Барање бр. 14-3513: Дали сеуште постои и работи Националната комисија за правата на децата во РМ, формирана со Одлука за образување Национална комисија за правата на децата во РМ (Сл.весник на РМ, бр. 126/2007, 164/2010, 77/2012 и 187/2015)?...

Барање бр. 14-3278: 1. Колку вкупно лица се идентификувани како незапишани во матичната книга на родените, со јавните повици спроведени од УБМК и Министерството за труд и социјална политика во 2018 г. И 2019 г.?  2. Дали Министерството за труд и социјална политика, како координатор и иницијатор за донесување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родените има подготвено и спроведено Акциски план за имплементација на законот во пракса и каде е истиот достапен?

Барање бр. 14-2765/1: • Структура на лица кои користат социјална помош во општина Кичево, според возраст и образование• Структура на лица кои користат социјална помош во југозападниот регион, според возраста и образованието.

Барање бр. 14-2830: -Број на пријавени случаи на семејно насилство во период 01.01.2020 до 01.04.2020, поделено по месеци, градови, пол на жртвата, пол на сторителот и пријавена форма на насилство-Број на пријавени случаи на насилство врз деца во период 01.01.2020 до 01.04.2020, поделено по месеци, градови, пол на жртвата, пол на сторителот и пријавена форма на насилство

Барање 14-1247/1: Број на иницирани постапки за повреда на право од работен однос – исплата на еднаква плата за еднаква работа врз основа на пол и род, во период од јануари 2017 до декември 2019 година? Ве молам бараните информации расчленете ги по години.... 

Барање 14-1635/1: Финансиски годишен план за 2020 на Национален сојуз за глуви и наглуви на Република Северна Македонија одобрен од МТСП (Прилог)

Барање 14-3120/1: Податоци за поединечно доделени средства преку Министерство за труд и социјална политика до крајните корисници од буџетска ставка 463 -Трансфери до невладини организации, во 2019 г. 

Барање 14-3158/1: Листа на народни кујни со податоци ажурирани до март 2020 година.

Барање 14-4837/1: Колкав износ на средства е исплатен на име на гарантирана минимална помош во периодот од 11 март до 31 јули 2020 година. Напомена: вкупниот износ поделете го по пол и општина. Дополнително, наведете колкав износ на средства за оваа намена е исплатен во месец февруари 2020 година.

Барање 14-4839/1: Колкав број на лица добиле додаток во вредност од 1000 ден во периодот од 11 март до 31 јули 2020 година.Напомена: вкупниот број поделете го по пол и општина. Дополнително, наведете колкав број на лица користеле енергетски додаток во февруари 2020 година.

Барање 14-4841/1: Колкав износ на средства е исплатен на име на енергетски додаток во периодот од 11 март до 31 јули 2020 година.Напомена: вкупниот износ поделете го по пол и општина. Дополнително, наведете колкав износ на средства за оваа намена е исплатен во месец февруари 2020 година.

Барање 14-4843/1: Колкав број на лица добиле минимална помош во периодот од 11 март до 31 јули 2020 година.Напомена: вкупниот број поделете го по пол и општина. Дополнително, наведете колкав број на лица користеле гарантирана минимална помош во февруари 2020 година.

Барање 14-5422/1: 1)Според член 11 од Законот на буџетите, а во рамки на централниот буџет се планирани средства за непредвидени случаи како постојана и тековна резерва, во текот на 2020 до сега дали сте ја искористиле можноста за користење на овие средства и тоа:

Барање 14-5424/1: Во врска со положбата на младите луѓе (од 15 до 29 години) во Република Северна Македонија и нивното учество во политичкиот, социјалниот и економскиот живот за 2019 година. 1. Млади луѓе во ризик од сиромаштија 2. Млади луѓе кои живеат во сиромаштија 3. Млади луѓе под социјална заштита

Барање 14-5752/1: 1. Дали во периодот 01.01.2019 до 31.12.2019 имате реализирани вработувања на определено време? 2. Ако има лица вработени на определено време дали истите се вработени по претходно објавен оглас и кои критериуми/услови требале да ги исполнат? 3. Дали во вашата институција има лица ангажирани на определено време преку агенции за привремени вработувања и дали за нивното ангажирање е објавен јавен оглас? 

Барање бр.14-3454: 1.Во периодот од 2017 до 2019 година, дали Министерство за труд и социјална политика имала отворени повици за доделување на средства за здруженија на граѓани? Доколку да, наведете колку такви повици постоеле и колкави средства биле наменети за истите..... (Одговор)

Барање 14-3223/1: Што според МТСП и законската рамка во државата се смета „ранлива категорија?......

Барање 14-3277/1, 14-3279/1, 14-3280/1, 14-3281/1:

- Износ на средства потрошени за поддршка на жртвите на радово базирано насилство и семејно насилство во 2020 година. 

- Износ на средства потрошени за превенција на жртвите на радово базирано насилство и семејно насилство во 2020 година. 

- Износ на средства потрошени за поддршка на жртвите на радово базирано насилство и семејно насилство во 2019 година. 

- Износ на средства потрошени за превенција на радово базирано насилство и семејно насилство во 2019 година. 

Барање бр. 14-5122/1: Ве молиме да ни ја доставите документацијата поврзана со:

1. Процесот на избор/именување на државен секретар (од објавувањето на огласот (и самиот оглас) до крај на постапката за категорија Б, ниво 4).

2. Вкупен број на квалификувани кандидати кои учествувале во процесот на пополнување на слободни работни места од Категорија Б4, за 2019 година, поделен со бројот на слободни работни места за високи раководни службеници според актите за систематизација.

 Доколку не располагате со документација за последната календарска година, Ве молиме пратете ни за онаа година во која имало именување на државен секретар. Прилог, Прилог, Прилог, Прилог

Барање бр. 14-4813/1: Колкав износ на средства се исплатени до 31 јули 2020 година од буџетот на државата за обезбедување надомест за породилно отсуство на жени на кои им завршило породилното отсуство по 11 март? Одговор: МТСП не располага со овие податоци.

Барање бр.14-5665/1: Колку работници имаат загубено работа за периодот од 18 март до 18 август? .....

Барање 14-1575/1 Во врска со отворање на нова приватна установа (градинка ) за деца,ве молам да ми дадете повеке информации.Дали може да се отвори нова градинка во Општина Тетово и какви услови треба да се исполнат за да може да се добие лиценца за работа.

Барање 14-3222/1 Колку парични средства по едно дете се одвојуваат од БУЏЕТ на Р,С,Македонија- за Згрижување и сместување во  СОС Детско село Скопје на деца без родители и родителскагрижа?? Исто така: Според кои параметри и пресметки се утврдува висината на тие средства наменете за горе наведената цел?

Барање 14-3948/1 1. Статистички податоци за број баратели на азил кои се сместени во Прифатниот центар во Визбегово за периодот 15 март - 15 јуни 2020. Дали меѓу лицата во Прифатниот центар за баратели на азил има малолетници? 

2. Дали во периодот 15 март - 15 јуни 2020. бил назначен старател на непридружувано малолетно лице? Ако да, ве молам за информација за број на лица, земја на потекло и возраст.

3. Податок за бројот на лица кои се наоѓаат во Прифатно-транзитниот центар Винојуг и Прифатно-транзитниот центар Табановце (наведете го датумот за кој се однесува дадената бројка).

4. Дали во последните три месеци има позначајни промени во законодавството (вклучувајќи го и секундарното законодавство) или политиките кои се релевантни за азилот и миграциите, а кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална работа?

5. Како влијае ситуацијата со Ковид-19 врз мигрантите и бегалците, пред се во сместувачките капацитети.

Барање 14-4038/1 1. Број на доделени визи од хуманитарни причини за влез во Република Северна Македонија од дипломатски конзуларно претставништво во Грција во последните 10 години (Јуни 2010 – Јуни 2020 година) по основ на А) баратели на азил; и Б) семејно обединување 

2. број на странци на кои им е дозволен влез во државата од хуманитарни причини од границата меѓу Македонија и Грција во последните 10 години (јуни 2010 – јуни 2020 година) по основ  наА) баратели на азил; иБ) семејно обединување

Барање 14-4131/1- Вкупен број на пријави на секој вид на семејно насилство за времен период од 01.01.2019 година до 01,07.2019 година (на државно ниво), да се наведи на поединечен начин по бројки за секој месец, односно за месец Јануари, Фебруари, Март, Април, Мај и Јуни 2019 година.- Вкупен број на пријави на секој вид на семејно насилство за времен период од 01.01.2020 година до 01,07.2020 година (на државно ниво), да се наведи на поединечен начин по бројки за секој месец, односно за месец Јануари, Фебруари, Март, Април, Мај и Јуни 2020 година.- Вкупен број на пријави на секој вид на семејно насилство за времен период од 01.01.2019 година до 01,07.2019 година, за Општина Охрид, да се наведи на поединечен начин по бројки за секој месец, односно за месец Јануари, Фебруари, Март, Април, Мај и Јуни 2019 година.- Вкупен број на пријави на секој вид на семејно насилство за времен период од 01.01.2020 година до 01,07.2020 година, за Општина Охрид, да се наведи на поединечен начин по бројки за секој месец, односно за месец Јануари, Фебруари, Март, Април, Мај и Јуни 2020 година.- Вкупен број на пријави на секој вид на семејно насилство за времен период од 01.01.2019 година до 01,07.2019 година, за Општина Струга, да се наведи на поединечен начин по бројки за секој месец, односно за месец Јануари, Фебруари, Март, Април, Мај и Јуни 2019 година.- Вкупен број на пријави на секој вид на семејно насилство за времен период од 01.01.2020 година до 01,07.2020 година, за Општина Струга, да се наведи на поединечен начин по бројки за секој месец, односно за месец Јануари, Фебруари, Март, Април, Мај и Јуни 2020 година.

Барање 14-4132/11. Како надлежна институција за ПТЦ Табановце бараме да ни одговорите дали тоа се центри од отворен или затворен карактер?2. Колку лица – странци своеволно и без придружба на полиција ги напуштиле ПТЦ Винојуг во 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и до 30.06.2020 поединечно по години?3. Колку лица баратели на азил своеволно и без придружба го напуштиле ПТЦ Винојуг во 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и до 30.06.2020 поединечно по години?4. Колку лица - странци своеволно и без придружба на полиција го напуштиле ПТЦ Винојуг во 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и до 30.06.2020 поединечно по години?5. Колку лица – баратели на азил своеволно и без придружба на полиција го напуштиле ПТЦ Винојуг во 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 и до 30.06.2020 поединечно по години?

Барања 14-4223/1Во Националниот акционен план за вработување 2016-2020 во согласност со Стратегијата за Ромите на Република Македонија 2016 – 2020 година Министерството за труд и социјална политика е наведено како надлежно за негово имплементирање. Во согласност на тоа ве молиме да ни одговорите:- Во однос на исход 1, колку Роми (расчленети по родова основа) се успешно вклучени во активните мерки и услуги за вработување од 2016 до 2019 година, за секоја година посебно. 

Барање 14-4502/1- Број на инвалидизирани лица со оштетен вид кои примаат додаток за мобилност- Број на инвалидизирани лица со оштетен вид кои примаат средства за туѓа нега- Број на лица кои се сместени во државни домови за стари лица- Број на лица кои се сместени во државни домови за стари лица, а имаат оштетен вид (ако имате таков податок)- Висина на партиципација која паѓа на товарот на инвалидизираните лица со оштетен вид, кои се сместени во старечки домови (ако имате таков податок), односно кој % од цената за сместување во старечки домови го плаќа лицето кое е сместено во старечки дом

Барање 14-4543/1 Од кога почна да со имплементација на Законот за детска заштита колку семејства вкупно до сега имаат добиено надоместок за трето дете и колку семејство од кога имаат добиено право за надоместок за трето дете му беше скратено оваа право и поради кои причини.

Барање 14-4646/1- Врз основ на Годишниот план за работа за 2020 година и Стратешкиот план за работа на Министерството за Труд и Социјална политика од 2020-2022 година, какви мерки и активности се преземени за подобрување на физичката пристапност до судовите во однос на имплементирање на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, и кои сѐ мерки и активности се предвидени за идно остварување во врска со истите?

Барање 14-4672/1 1. Колку Единици на локална самоуправа доставиле до МТСП годишни извештаи за напредокот на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите за 2019 година?
1а. Дали и колку од гореспоменатите извештаи во точка 1 биле доставени празни?
2. Колку Органи на државната управа доставиле до МТСП годишни извештаи за напредокот на состојбата со еднаквите можности на жените и мажите за 2019 година?
2а. Дали и колку од гореспоменатите извештаи во точка 2 биле доставени празни?
3. Дали Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите доставила извештај за својата работа за 2019 година?
3а. Доколку Интерресорската група доставила извештај за својата работа за 2019 година Ве молам доставете ни го по електронски пат.
4. Дали МТСП изготвило годишен извештај за 2019 година за преземените активности и постигнатиот напредок за воспоставување еднакви можности на жените и мажите?
4а. Доколку МТСП го изготвило својот извештај за 2019 година, Ве молам доставете ни го по електронски пат.

Барање 14-4832/1 Бројот на лица кои немаат регулиран граѓански статус и не се регистрирани во Матичната книга на родени, а се евидентирани во посебниот регистар на Министерството за труд и социјална политика.

Барање 14-4838/1 Колкав е бројот на жени кои им завршило правото на користење на породилно отсуство по 11 март 2020 година, продолжиле да користат породилно отсуство и добиваат надомест за истото заклучно со 31 јули 2020 година?Напомена: вкупниот број поделете го по општина.

Барање 14-4840/1
Колку вкупно лица добиле паричен надоместок како резултат на невработеност заради пандемијата од 11 март па заклучно со 31 јули 2020 година?Напомена: вкупниот број поделете го по пол и општина.

Барање 14-4866/1
1. Број на лица според пол (мажи и жени) кои добиле гарантирана минимална помош за домаќинства за месеците април и мај 2020, односно корисници мажи/жени на мерката за брз влез во системот за социјална заштита (неформален работници) и колку средства реализација има мерката2. Број на корисници на социјална заштита според пол мажи и жени кои добиле дополнителна исплата на енергетски додаток во износ од 1000 денари во април и мај 2020. 3. Број на корисници на услуги во 27 општини (мажи и жени) во домовите за стари лица со посебни потреби како и број на мажи и жени ангажирани со мерката да достават услуги.4. Број на мајки на продолжено породилно отсуство поради Ковид 19 кризата и колку средства дополнително се трошат од буџетот за реализација на мерката.5. Број на корисници на мерката за детски додаток (момци и девојки)

Барање 14-4999/1
Доставете ни копија од сите склучени договори за кредит со Светската Банка во периодот од март до јули 2020 година

Барање 14-5000/1 Доставете ни извештај за распределба на средства примени по однос на секој склучен договор за кредит со Светската Банка помеѓу буџетските ставки во периодот од март јули 2020 година.

Барање 14-5001/1 Доставете ни извештај за примени транши по однос за секоја од склучените договори за кредит со Светска Банка во периодот од март до јули, 2020.

Барање 14-5002/1 Доставете ни извештај за реализација на секоја од склучените договори за кредит со Светската Банка во периодот од март до јули, 2020 година.

Барање 14-5119/1

  1. Број на деца вклучени во предучилишно образование за периодот Јануари-Јуни 2020, по општини и пол, вклучително и општините каде што се спроведува Реф проектот. Прилог

Барање 14-5123/1
1. Информација во однос на завршениот процес и подготвениот извештај на Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за здравство и Министерството за образование и наука во периодот од октомври 2014 година до март 2015 година за спроведена ревизија во специјалните училишта, со цел да се утврди бројот на запишани деца Роми и утврдување на состојбата на децата како резултат од извештаите на Европската комисија.
2. По ревизијата, една од првите итни мерки што беше предложена, прифатена и усвоена од Владата беше да се спроведе мерката за ре-категоризација на сите деца Роми запишани во овие училишта за деца со посебни потреби, за утврдување на реалната здравствена состојба. На кој начин беше спроведена постапката и кои се резултатите од процесот на ре-категоризација која започна во почетокот на ноември и траеше до крајот на декември 2015 година? 

Барање 14-5124/1 1. Вкупен број на деца кои се запишани во 2020/21 година во сите приватни и државни детски градинки/центри за ран детски развој по општини на територија на Република Северна Македонија (број на деца, етничка припадност, поделба по пол)?
2. Во кои општини на територија на Република Северна Македонија се имплементира Програмата „Инклузија на деца Роми во предучилишното образование“ и колку деца Роми се вклучени во истата програма (број на деца, етничка припадност, поделба по пол)?
Прилог

Барање 14-5644/1 Колкав беше вкупниот број на легла во засолништата за жртви на семејно насилство во 2019 година?

Барање 14-5932/1 На територијата на Република Северна Македонија функционираат Центрите за сместување на жртви на семејно насилство (засолништа) – кои овозможуваат долгорочно сместување (3 месеци со можност за продолжување) и кризни центри кои овозможуваат краткорочно сместување (од 24/48 часа).Ве молиме да ни доставите: точен број на легла во секој од центрите за лица – жртви на семејно насилство поединечно наведни по градови и тоа: Скопје, Охрид, Битола, Велес, Свети Николе, Кочани, Прилеп и Штип.

Барање 14-7799/1 Евиденција за бројот на лицата со хендикеп сместени во С.З. Демир КапијаВо периодот од јануари до 10 декември 2020 кои се дијагностицирани заболени, починати и излечени од Covid 19 расчленети по состојба на хендикеп (физички, сензорен, интелектуален, психосоцијален или комбиниран хендикеп), пол, регионална застапеност и етничка припадност и деловна способност?

Барање 14-8114/1

1. Вкупен број на новоевидентирани жртви на семејно насилство за временскиот период од 01.07-30.11.2020 год. на целата територија на РСМ?

2. Вкупен број на пријавени сторители на семејно насилство за временскиот период од 01.07-30.11.2020 год. на целата територија на РСМ?

3. Вкупен број на сместени новоевидентирани жртви во Центарите за лица жртви на семејно насилство/Кризен центар во периодот од 01.07-30.11.2020 год.?

4. Вкупен број на предложени привремени мерки за заштита од страна на Центрите за социјална работа и вкупен број на изречени привремени мерки за заштита од страна на судовите во државава?

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }