Советувалишта за брак и семејство

 
Државата со Уставот и законите обезбедува посебна заштитата на семејството, а Центрите за социјална работа, преку советодавната и тимска работа ги извршуваат работите сврзани со посебната заштита и помош на семејството.

Заради обезбедување на стручна и советодавна помош на граѓаните во 2013 година и 2014 година, отворени се и започнаа со работа 21 советувалиште за брак и семејство  и тоа во: Охрид, Кичево, Свети Николе, Битола, Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци, Прилеп, Велес, Неготино, Кочани, Радовиш, Ресен, Гевгелија, Штип, Виница, Тетово, Берово, Струмица, Крива Паланка и Дебар. До март 2015 година отворени се советувалишта за брак и семејство и во Пробиштип, Делчево, Струга, Кратово, Валандово, Македонски брод, Крушево и Демир Хисар.

Советодавната работа е организирана на регионално ниво, а упатувањето во овие регионални советувалишта го прават центрите за социјална работа, по оценка на стручниот тим на центарот.

Советувалиштата работат во две смени, со цел да бидат лесно достапни на граѓаните. Услугата што ја даваат е бесплатна.

Советувалиштата работат со родителите, со децата и заедно со родителите и децата, зависно од проблемите и потребите на конкретното семејство и зависно од оценката на стручниот тим, за начинот и пристапот на работа по конкретниот предмет.

Советувалиштата даваат и услуги во однос на пред брачно советување, по желба на корисниците на услугите, како и во случаи кога малолетно лице сака да склучи брак.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }