Кандидатот, односно кандидатката, кој(а) е заинтересиран(а) за полагање на испитот, може во било кое време да поднесе барање за полагање на испитот, придружено со потребните документи кои ја докажуваат/потврдуваат исполнетоста на условите за полагање на стручниот испит.  По разгледувањето на исполнетоста на условите ќе биде донесено и соодветно Решение со кое на кандидатот му се одобрува полагањето на испитот или не, по што тој (таа) и навремено ќе биде известен(а) за датумот на полагањето на испитот. Пријавата за полагање на испитот може да се преземе од web страната на Министерството за труд и социјална политика или на Државниот инспекторат за труд (http://dit.gov.mk/).   

Деталите поврзани со условите за полагањето на испитот и начинот на неговото спроведување, се утврдени во Законот за безбедност и здравје при работа.  Материјалите, прописите и литературата кои се неопходни за подготовка на кандидатите за полагање на стручниот испит се наведени во Програмата за полагање на стручен испит за безбедност при работа („Службен весник на РМ” бр.206/15), а начинот на бодувањето на испитот е регулиран со Правилникот за начинот на бодирање на првиот (теоретски дел) и на вториот (практичен пример) на стручниот испит за безбедност при работа („Службен весник на РМ” бр. 164/15).  Листата на сите прашања за теоретскиот и практичниот дел од испитот може да ја најде на web-порталот: http://prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/

*          *          *

Се информираат кандидатите кои ќе го полагаат стручниот испит дека:

  • За да може да започнат со полагање на стручниот испит задолжително со себе треба да имаат лична карта, за увид и утврдување на идентитетот.

  • За полагање на стручниот испит за безбедност при работа, согласно Тарифникот за висината на трошоците за полагање на стручниот испит за безбедност при работа бр.08-9377/1 од 13.10.2015 година, е потребно да се уплати 6.000,00 денари на следната сметка:

    •  Назив на примачот: Трезорска сметка

    • Банка на примачот:  Народна банка на РСМ

    • Сметка: 100000000063095

    • Сметка на буџетски корисник: 150026229463118

    • Приходна шифра:    725939

    • Програма:  19

    • Цел на дознака: Уплата за стручен испит забезбедност при работа

Уплатницата треба да се достави до Државниот инспекторат за труд на бул.„Партизански одреди“ бр.48А Скопје, по добивањето на Известувањето, за да на кандидатот му биде овозможено полагање на стручниот испит.

  • Постапката за спроведување на стручен испит е во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа и Програмата за полагање на стручен испит за безбедност при работа („Службен весник на Република Македонија” бр.206/15).

  • Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот, односно од вториот дел, од испитот изнесува 120 минути.

  • Се смета дека стручниот испит го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.• Начинот на бодирањето е уреден со Правилник за начинот на бодирање на првиот (теоретски дел) и на вториот (практичен пример) на стручниот испит за безбедност при работа („Службен  весник на Република Македонија” бр. 164/15).

  • На кандидатот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

  • На кандидатот за време на полагање на вториот дел од испитот, му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот.

  • На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот, доколку има технички проблем со компјутерот.

  • Доколку кандидатот при полагање на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од горенаведените ставови, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин и ќе се смета дека не го положил испитот, а истото ќе се констатира во записник за полагање на испит.

  • Овластените претставници од кои ќе присуствуваат на полагањето на стручниот испит, за време на полагање на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од 5 минути.

  • Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем, полагањето на испитот се прекинува.

  • Доколку причините се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот продолжува веднаш по нивното отстранување, во спротивно, испитот се презакажува за друг термин.

За дополнителни информации поврзани со полагањето на стручниот испит за безбедност при работа:

Дарко Дочински, МТСП e-mail: ddocinski@mtsp.gov.mk

     тел.број: 075/359-893

Билјана Делова, ДИТ e-mail: delovabdit@gmail.com 

     тел.број: 070/409-746

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->