Настани/најави/соопштенија
07.12.2023
Тренчевска: Антикризните мерки се за помош на граѓаните со најниски примања
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со пратеничката Даниела Колева денес се сретнаа со над 40 пензионери во Кавадарци и лично ги информираа пензионерите за поддршката предвидена со деветтиот пакет на антикризни мерки.
Повеќе
05.12.2023
МТСП: „Сложувалка“ споена и во Битола
„365 денови треба да се зборува за насилството, додека нашата „Сложувалка“ зборува овие 16 денови интензивно за сите видови на насилство со кои се соочува особено младата генерација. Нашата кампања е токму посветена на заедничкото постапување на сите учесници во превенцијата од насилството“ рече Тренчевска.
Повеќе
05.12.2023
МТСП: „Сложувалка“ поттикнува и поддржува, преку меѓуинституционална соработка до сеопфатен одговор на прашањето за насилството врз жените
Министерството за труд и социјална политика заедно канцелариите на УНФПА во Република Северна Македонија со поддршка на Британската амбасада во РСМ продолжија со спроведување на кампањата “ Сложувалка“ во рамки на глобалната кампања 16 дена активизам за борба против насилството врз жените. За таа цел беше одржана панел дискусија на тема „Дискриминацијата, економската зависност и недовербата - корен на родово базираното насилство “ во Шуто Оризари. На панел дискусијата се обратија: Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Заменик министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, Заменик министерка за здравство, Маја Манолева извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски, претставничка од здружението „Иницијатива за правата на жените - Шуто Оризари“, Ајсел Амет.
Повеќе
05.12.2023
Тренчевска: Да зборуваме секој ден за насилството, заедно да зајакнуваме и поттикнуваме
Во организација на канцеларијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија беше организирана Тркалезна маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против родово базираното насилство врз жени и девојки во Република Северна Македонија“. Настанот е организиран во рамките на 16 денови активизам за борба против родово базирано насилство. На тркалезната маса министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска зборуваше на тема „Улогата на институциите во борбата против семејното насилство“.
Повеќе
05.12.2023
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година.
Повеќе
01.12.2023
Тренчевска: Ниту едно дете со попреченост не е веќе во институција, тоа е гордост и за Владата и за министерството
„Во изминатите години имаме одлична соработка со Светска Банка во спроведувањето на Проектот со подобрување на социјалните услуги. Во оваа прилика сакам да и се заблагодарам и на тимот кој работи на проектот кој што покажаа добри резултати, пред се за граѓаните. Особено ме радуваат резултатите во делот на детската заштита. Нашата цел е да обезбедиме пристап до предучилишно воспитание и образование за сите деца“ вака го започна министерката состанокот со претставниците од Светска Банка.
Повеќе
01.12.2023
Тренчевска: Во континуитет и развиваме социјални услуги со што овозможуваме достоинствено, активно и социјализирано стареење
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на панел дискусијата „Стареењето и миграцијата: двојни демографски предизвици во Северна Македонија“ во рамки на конференцијата организирана од страна на Светска Банка по повод 30 години партнерство меѓу Северна Македонија и Светска Банка.
Повеќе
30.11.2023
Тренчевска: Во нашата држава сите граѓани се еднакви, независно од нивната етничка, верска, полова или каква било друга припадност
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на деветтата Меѓународна Конференција посветена на жената Ромка и Жените патувачи во организација на Советот на Европа и Владата на Република Македонија. Тренчевска на настанот зборуваше за заложбите на Владата за почитување на правата на сите граѓани во државата без разлика на нивната етничка, верска, полова или било каква друга припадност.
Повеќе
29.11.2023
Тренчевска: Системските решенија продолжуваат да го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните покрај донесените антикризни мерки
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во дневникот на Сител зборуваше за деветтиот пакет антикризни мерки кои ги донесе Владата на изминатата владина седница.
„Имавме покачување од 26%, имавме пакет на антикризни мерки. Имаме постојан раст на пензијата. Она што е наша обврска како одговорна Влада е ваквите мерки да бидат од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика“ рече Тренчевска.
Повеќе
29.11.2023
Тренчевска: Работиме на менталното здравје со младите за младите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчавска денеска се сретна со Претседателот на младински совет на Македонија, Филип Ивковски и програмската менаџерка, Александра Филипова . На средбата беше претставена Стратегија за ментално здравје кај млади изработена од страна на НМСМ.
Повеќе
29.11.2023
Тренчевска: 662 милиони евра за пакет антикризни мерки, граѓаните остануваат во фокус
„На вчерашната седница на Влада донесени антикризните мерки со кои ги таргетиравме: социјално ранливите категории на граѓани, ученици и студенти од семејства со ниски приходи, приватниот сектор. Дел од мерките ќе траат 5, 6 и 7 месеци. И овој пакет не е направен за изборите, туку за граѓаните! За да може да ги поминеме месеците кои следат. Дел од мерките почнуваат од 1ви декември, додека на мерките за кои ќе биде потребна апликација ќе бидат исплатени во втората половина од декември“ рече Тренчевска.
Повеќе
28.11.2023
Тренчевска: Темата за сајбер насилството меѓу најмладата популација мора да биде актуелна
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со младите на настан под името „Младите против сајбер насилството“ организиран во рамки на кампањата „Сложувалка“ во организација на Министерството за труд и социјална политика во соработка со канцелариите на УНФПА и Активноста на USAID North Macedonia.
Повеќе
28.11.2023
Тренчевска: Преку програмите за воспитание и образование влијаеме на подобра социјална интеграција и личен развој на децата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се обрати на вториот состанок на советодавната група на РОМАКТЕД програмата. На отворањето на настанот покрај министерката Тренчевска се обратија и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и Марина Васиќ, Програмската менаџерка на Совет на Европа. На состанокот се потпиша меморандум за соработка за вклучување на децата Роми во предучилишното образование. Оваа година поддршка на Министерството за труд и социјална политика во инклузијата на деца Роми во предучилишното образование и воспитание е УНИЦЕФ. Настанот е во организација на РОМАКЕД и Институтот за истражување и анализа на политики.
Повеќе