Нова телефонска линија за поддршка на родителите и старателите

Телефонската линија за помош на родителите 075/230-530 ќе биде отворена секој ден од 15:00 до 20:00 часот, вклучувајќи ги и викендите

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој, денес УНИЦЕФ ја пушти во употреба бесплатната телефонска линија за помош, поддршка и советување на родителите и старателите за подигање на децата во сигурна и грижлива семејна средина.

„Родителството не е секогаш лесно. Во ова време на неизвесност, родителството може да претставува предизвик“, рече Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Затоа, одговорност на целото општество е да им помогне на родителите да се здобијат со самодоверба за да се справат со тешки ситуации и да им овозможи вештини и совети за подигање самоуверени, добри и успешни деца.“

Неодамнешното истражување поддржано од УНИЦЕФ покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од употребата на насилство при воспитување на децата, сепак праксата не нужно го покажува тоа. Социјалните очекувања родителот да применува казнување, ниската самоефикасност и немањето пристап до информации за позитивно родителство и детски развој се главните причини за континуираното користење насилни методи на дисциплинирање.

Актуелната состојба во која затворањето на училиштата го наруши учењето на децата, ги промени нивните рутини и системи за поддршка, исто така, придодава стрес за членовите на семејството кои се соочуваат со поголема економска ранливост или се мачат да работат од далечина. Таквиот стрес може да доведе до занемарување и злоупотреба на децата, како и до семејно насилство.

Понудената можност за добивање бесплатни и доверливи совети од обучени стручни лица може да им помогне на родителите подобро да го разберат влијанието на својот родителски стил врз развојот на децата; да ги изградат своите родителски вештини и да добијат низа совети за родителство со цел да бидат крај своите деца како стабилни, смирени и успокојувачки родители.

Линијата за помош ќе функционира секој ден, вклучувајќи ги и викендите, од 15:00 до 20:00 часот, со тим од седум обучени стручни лица. Родителите и старателите може да се јават еднократно за да добијат совети за позитивно родителство, или може да добијат сеопфатно насочено советување и секојдневно следење на постигнатиот напредок заедно со советниците. Советниците гарантираат анонимност и приватност на информациите добиени од родителите и старателите.

Телефонската линија за помош е осмислена како дел од пошироката поддршка на УНИЦЕФ за зајакнување на услугите и програмите за помош на родителите како продолжение на иницијативата „И родителството се учи“ преку која беше отворена дискусија за емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства и стресот врз детскиот развој.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }