Европска социјална повелба


Европската социјална повелба на Советот на Европа претставува суштинско дополнение на Европската конвенција за човекови права со која се гарантираат граѓанските и политичките човекови права. Повелбата ги гарантира социјалните и економски човекови права. Таа беше усвоена во 1961 и ревидирана во 1996.Европската социјална повелба е договор за кого земјите потписнички свечено меѓународно се обврзуваат дека ќе го почитуваат во моментот на неговото ратификување.

Повелбата ги гарантира следните права: домување, здравство, образование, вработување, правна и социјална помош и заштита, движења на лица и недискриминација.

Согласно Повелбата, изготвувачите на извештаите се должни пред поднесување на извештајот до Советот на Европа да ги доставуваат извештаите до организациите на работодавци и работници за мислења и забелешки. Доколку овие организации изразат и упатат свои забелешки, тие задолжително треба да се приклучат кон извештајот кој потоа се испраќа до Советот на Европа.

Европскиот Комитет за социјални права на Советот на Европа утврдува дали земјите потписнички ги испочитувале и примениле правата од ратификуваните членови од Повелбата.

Секоја земја потписничка секоја година поднесува извештај по однос на имплементирање на ратификуваните членови од Повелбата. Тоа значи дека земјите со ратификување на Повелбата се задолжени да прифатат минимум на членови, но не и сите. Комитетот ги разгледува извештаите и оценува дали состојбите во земјите се во согласност во Повелбата. Неговите одлуки, познати како “заклучоци” се објавуваат секоја година. Доколку земјата не превземе активности кон одлуката на Комитетот за да се спроведе, Комитетот на Министри упатува препорака до таа држава во која се бара да се промени состојбата во законодавството и/или во праксата.

Република Македонија како полноправна членка на Советот на Европа, на 5.5.1998 година ја потпиша Европската Социјална Повелба од 1961 година, заедно со Дополнителниот протокол од 1988 година и Протоколот со кој се дополнува Повелбата од 1991 година.

На 7.12.2004 година Република Македонија ја ратификува ЕСП заедно со Протоколот со кој се дополнува ЕСП од 1991 година, а истите стапија во сила на 31.3.2005 година. Република Македонија со ратификувањето на Повелбата, прифати 11 од вкупно 19 члена, односно ратификува 41 од вкупно 61 став. 

Министерството за труд и социјална политика, како координатор на меѓуресорското тело за изготвување на извештаите за имплементацијата на Европската Социјална Повелба, секоја година редовно подготвува и доставува извештаи до Советот на Европа, за имплементацијата на ратификуваните членови, односно ставови, од сите тематски групи.

Република Македонија на 27 мај 2009 година ја потпиша Ревидираната Европска социјална повелба, а на 6 јануари 2012 година истата  ја ратификува, со што се обврза на проширување на економските и социјалните права на своите граѓани, прифаќајќи 63 од вкупно 98 одредби од Повелбата.

Подолу е прегледот на ратификуваните членови, односно ставови на Ревидираната Европска социјална повелба, распоредени по четири тематски групи:

група 1 група 2 група 3 група 4
Вработување, обука и еднакви можности Здравје, социјална сигурност и социјална заштита Трудово право Деца, семејства и мигранти
Член 1 (ставови 1-4), Член 15 (ставови 1-2),Член 20 и Член 24 Член 3 (ставови 2 и 4), Член 11, Член 12 и Член 13 Член 2, Член 4 (ставови 2, 3 и 5),Член 5, Член 6,Член 21, Член 26, Член 28, Член 29 Член 7 (ставови 1-4 и 6-10), Член 8 , Член 16, Член 17, член 19 (ставови 1, 5, 6 и 8), член 27 (став 3)
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }