Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими заедно со заменик на претседателот на Владата на задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски, го промовираа Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година.

“Со реализација на овој Оперативен план очекуваме отворање на околу 10.000 нови работни места, заедно со „Македонија вработува 2“ со што значително ќе се придонесе за намалување на невработеноста која наредната година планираме да изнесува под 22 проценти, а до 2020 да се намали на 17 до 18 проценти“, истакна Пешевски.

Во рамки на Оперативниот план, усвоен на последната владина седница, е предвидена имплементација на 22 програми и мерки за вработување и 11 услуги на пазарот на трудот, а вкупниот број учесници во предвидените активности се очекува да надмине 41 илјада лица. 

Со Планот ќе продолжи реализацијата на Програмата за самовработување во чии рамки ќе се издвојат средства за формирање нови 1.000 микрокомпании, а грантот од неповратни средства за поддршка за отворање компанија наместо како досега 3.000 илјади ќе биде зголемен на 4.000 илјади евра.

Заменик на претседателот на Владата на задолжен за економски прашања Пешевски информираше дека продолжува и поддршката за лицата со попреченост кои ќе можат да добијат грант од 4,5 илјади евра за отворање 50 нови микрокомпании, но и субвенционирањето на компаниите за отворање работни места за овие лица. Се очекува овие мерки да генерираат нови 500 работни места.  Продолжуваат и проектите за поддршка за отворање приватни детски градинки и старски домови со грантови од 10 односно 12.500 евра кои ќе треба да создадат осумдесетина нови работни места.

Планот вклучува и организација на обуки за над 7.200 невработени лица за да се стекнат со нови знаења и вештини со што ќе им зголемат шансите за вработување. Дополнително преку 11 вида услуги од АВРМ се очекува да бидат опфатени 27.200 лица.

“Овој план е единаесетти по ред оперативен документ и преставува продолжување во справувањето со предизвиците на пазарот на трудот. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе се спроведат за да се подобри функционирањето на пазарот на трудот, да се поддржи создавање на нови работни места и да се зголеми вработливоста на невработените лица”, рече министерот за труд и социјална политика Ибрахими.

Министерот за труд и социјална политика дополни дека Оперативниот план за 2017 година обезбедува сеопфатна рамка за претставување на услугите на пазарот на трудот и програмите и мерките за вработување што ќе се имплементираат и појасни:” Сите невработени лица кои се евидентирани во АВРМ како активни баратели на работа имаат пристап до услугите и програмите, односно мерките за вработување, утврдени во овој документ. Правото за учество се определува врз основа на условите и критериумите дефинирани за секоја поодделна услуга и програма, односно мерка за вработување, а како општо правило се настојува да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, како и учество на младите лица до 29 години од најмалку 30 проценти”.

Планираниот опфат на учесници во сите предвидени активности изнесува 41.235 лица, од кои 14.835 се млади лица на возраст до 29 години.

“Во изминатиот период од 2007 до 2016 година беше доста успешно спроведувањето на годишните оперативни планови, при што повеќе од 102.000  невработени лица земаа учество во предвидените програми, мерки и услуги за вработување, од кои приближно 43.400 лица се вработија”, заврши министерот Ибрахими.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски истакна дека огласите за определените мерки и активности ќе почнат да се објавуваат веќе од понеделник.

“Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ги постигнеме сите предвидени таргети и не само што ќе ја оствариме бројката од минимум планирани 10 илјади, туку ќе оствариме најмалку 5.000 повеќе вработувања”, истакна Поповски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }