ИПА II Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2020 година

 Акција „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност на Северна Македонија“

Во септември 2020, Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија потпишаа измени и дополнувања на Финансиската спогодба за Годишната акциска програма за ИПА 2020 година. Со измените се воведе новата Акција „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност на Северна Македонија“ во рамки на секторот „Конкурентност, иновации, земјоделство и рурален развој“.

Пакетот на мерки содржани во акцијата „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност“ (EU4Resiliance) во вкупен износ од 40 милиони евра ја поддржува Република Северна Македонија и економијата во периодот на закрепнување за ублажување на негативните социо-економски влијанија на Ковид-19.

Оваа поддршка обезбедува финансирање за владини мерки насочени кон подобрување на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија, како и поддршка на реинтеграција на невработените жени и мажи на пазарот на труд, со посебен фокус на младите и жените.

Меѓу другото, Акцијата предвидува поддршка на активните мерки за пазарот на труд во висина од 10 милиони евра за одржливо и правично закрепнување во периодот по корона пандемијата преку:

  • грантови за самовработување наменети за невработени лица, кои сакаат да го формализираат својот бизнис или да основаат нов бизнис;
  • грантови за постоечки фирми (микро, мали и средни) кои создаваат нови работни места.

Се очекува дека околу 2200 невработени лица ќе се вработат или самовработат со поддршка на оваа програма во текот на 2021 година.

Грантовите ќе се доделуваат од страна на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија. Огласите и другите информации се објавуваат на веб-страната на Агенцијата за вработување (АВРСМ):  http://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

 

Документи: 

Финансиска спогодба – Посебни услови

Адендум бр.1 кон Финансиска спогодба

Анекс 1 Годишна акциска програма за 2020 и Програма „Поддршка на ЕУ за социјална и економска отпорност“ и Анекс 2 Општи услови

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }