04.01.2023
МТСП: Склучени договорите за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели на услуги
Развојот и подобрувањето на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно потребите на граѓаните и зголемување на пристапноста и достапноста на социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, децата и лицата со попреченост, децата во ризик и децата без родителска грижа, жртви на семејно и родово базирано насилство и жртви на трговија со луѓе и други деца и лица се врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика.
![](content/images/2019/LOGO/mtsp_logoo_content1.png)
Денеска покажуваме дека СЕ ГРИЖИМЕ за потребите на сите граѓани кои имаат потреба од поддршка преку склучување на договори за финансирање на социјалните услуги со лиценцираните даватели за услугите: до домот – лична асистенција и помош и нега во домот, услуги во заедницата – дневни центри за деца со попреченост, дневни центри за деца во ризик, услуги на вон семејна заштита – живеење со поддршка за лица со попреченост, центар за социјална рехабилитација на лица кои злоупотребуваат дрога, центар за поддршка на загрижувачки семејства.
Посветеноста за достапни и квалитетни услуги ја потврдуваме со Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, односно за социјални услуги се обезбедени дополнителни 5.5 милиони евра повеќе од 2022 година, односно вкупно 7.8 милиони евра.