30.05.2023
МТСП: Во тек е етапната исплата на пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека етапната исплата на пензиите за месец мај е во тек.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).
![](content/images/2023/maj/Исплата на пензии 1-slajd.png)
Пензионерите кои користат платежна картичка, можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.