Работна средба: Ибрахими-Ли Роси


Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими оствари работна средба со претставници на УНХЦР и тоа со: г-ѓа Ангела Ли Роси, Заменик директор на Регионалото Бирото за Европа при Главната канцеларија на УНХЦР, г-ѓа Анне-Кристине Ериксон, Регионален Претставник на УНХЦР со седиште во Сарајево, г-ѓа Јун Ширато, Постар правен службеник при Главната Канцеларија на УНХЦР и г-дин Мохамед Ариф претставник на канцеларијата на УНХЦР во Скопје.

 

На состанокот беше разговарано за моменталната состојба со мигрантската криза, активностите кои Министерството за труд и социјална политика во соработка со УНХЦР ги реализираше во рамки на двата прифатно транзитни центри во Гевгелија и Табановце како и за активностите во рамки на Прифатниот центар за баратели на азил.

Меѓу останатото на состанокот беше разговарано и за идните заеднички активности насочени кон затварање на прашањето со бегалците од Косово преку нудење на соодветни пакети за нивно доброволно враќање во Косово или останување во државата и целосна нивна интеграција согласно дефинираните мерки во Стратегијата за интеграција на бегалци и странци.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }