27.10.2023
МТСП: Тренчевска на средба со Валијата на Измир
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Валијата на Измир, Сулејман Елбан. На средбата беше истакната активноста на македонскиот народ во Туркије и нивните секојдневни заложби за активности во насока на негување на македонската култура. Валијата Елбан на средбата истакна дека силно ги поддржува Македонците во нивните активности.
![](content/images/2023/oktomvri/27_10/2_jpg_1.jpg)
Тренчевска и Елбан се согласија дека инвестициите од страна на Туркије во Република Северна Македонија ја придвижуваат економијата и придонесуваат кон повеќе места на пазарот на трудот. На средбата беше истакнато дека инвестициите влијаат кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Република Северна Македонија.
![](content/images/2023/oktomvri/27_10/4_jpg.jpg)
На крај Валијата на Измир, Сулејман Елбан истакна дека ќе продолжи да ги поддржува инвестициите во РСМ, затоа што според него тоа ги зацврстува пријателските односи помеѓу двете земји.