15.08.2024

Државниот секретар Сабриу со порака до младите: Вратата на министерство е отворена за вас, само преку отворен дијалог ќе создадеме ефективни и одржливи политики 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на настан во организација на Коалицијата на младински организации - СЕГА, кој имаше за цел споделување на резултатите од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“. Проектот е поддржан од Европската Унија, спроведуван од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско Село Северна Македонија, Волонтерски Центар и Асоцијација Женски Форум Тетово.

По тој повод, во своето обраќање државниот секретар Сабриу се осврна на младите и нивната клучна улога во изградбата на подобро општество во услови на денешниот брзо променлив свет.

„Младинското учество и волонтерството не се само трендови, туку основни елементи за развој на заедниците и личен раст. Но што значи да бидеш активен и ангажиран млад човек, и зошто е толку важно? Учеството во младински иницијативи и волонтерски проекти им овозможува на младите луѓе уникатни можности за развој на вештини кои тешко можат да се научат во училиште.  Лидерство, работа во тим, комуникација и управување со проекти се само дел од квалитетите што се усовршуваат преку активна ангажираност. Ова не само што гради самодоверба, туку и ги подготвува младите за успешна кариера и личен живот,“порача Сабриу.

Тој истакна дека младинското учество и волонтерството не се само корисни, туку се и од животна важност за создавање на подобро општество. Тие нудат можности за личен развој, социјална ангажираност и позитивен придонес кон заедницата. 

„Како млади луѓе, имаме моќ да направиме промена и да инспирираме други, па да ја искористиме оваа можност и да бидеме активни учесници во изградбата на посветла иднина,“ рече Сабриу.

Тој обраќајќи им се на сите млади порача:

„Како Државен секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, сакам да потенцирам дека министерството е отворено за тесна соработка со младинските организации. Исто така,  добредојдени се сите граѓански иницијативи кои имаат за цел подобрување на положбата на младите во општеството. Вратата на нашето министерство секогаш ќе биде отворена за вас, бидејќи веруваме дека само преку отворен дијалог можеме да создадеме ефективни и одржливи политики.

“Тој на крајот од обраќањето изрази подготвеност за поддршка на сите проекти кои ќе значат поголема мотивација за младите со цел тие да останат во својата држава и да придонесуваат за нејзин развој.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }