26.11.2024

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми, што е најчесто резултат од недовербата во институциите

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествуваше на панел дискусија по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство во организација на Агенциите на ООН во земјава, под слоганот: „Нема Оправдување: Преземете акција за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата!

“Почетокот на кампањата се одбележа со отворена дискусија за значењето на заедничкото делување против родово базираното насилство, проследено со проекции на кратки видеа, како и моќната уметничка изложба „Лузни на издржливост, гласови на надеж“ од Мартина Спасовска во Музеј на град Скопје.

Во своето излагање пред присутните Лимани се осврна на клучните чекори потребни  за да се  подобри одговорот на насилството врз жените и семејното насилство со фокус на меѓу институционалната соработка. Притоа, нагласи дека насилството се случува во сите делови на општеството,  во  секоја култура и социјална група и  претставува злоупотреба на моќта, кој има разорувачки, физички, емоционален, финансиски и социјален ефект на жените и девојчињата. Како и дека за жал, се уште многу жени и девојчиња  страдаат во сенка, не знаејќи за своите права и помошта која може да ја добијат од страна на релевантните институции и организации.

„Една мудрост вели ,,во стварноста, реалноста е  поинаква,,!  Оваа мисла ми дојде на ум следејќи ги последните бројки за насилството врз жените и семејното насилство кои ја отсликуваат 2024 година (јануари-септември), отприлика вака: Ново евидентирани случаи 1.439 жртви, од нив  жени 1.040,  мажи 227 и деца 172! Ако на ова ја додадеме и  темната непријавена бројка на жени кои трпат насилство, си даваме за право постојано да говориме дека - НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ: ДА ПРЕЗЕМЕМЕ АКЦИЈА ЗА СТАВАЊЕ КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА!“ порача Лимани.

Тој посочи дека, институциите согласно националната легислатива имаат мандат за преземање на предвидените мерки и механизми на заштита, со поединечни  овластувања кои се точно определени, како и обврските и одговорноста за постапување. Тој упати на важноста од  постапувањето со должно внимание за интересите и потребите на жртвата од страна на институциите при преземањето мерки за превенција и заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство.

„Еден од најсериозните проблеми е непријавувањето на насилството од страна на жртвите, што е најчесто резултат од недовербата во институциите, односно од недоволната сензибилност на службените лица од различни сектори кои постапуваат во случаите на насилство врз жени и семејно насилство,“ рече Лимани.

На прашањето до каде сме како држава во оваа област по 30 години од усвојувањето на Пекиншката декларација за акција, Лимани се осврна на сите стратешки документи кои нашата држава ги има усвоено, како Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (2017 год.), Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство (2021 год.), измени и дополнувања на  Кривичниот закон, Протокол за меѓусебна соработка на надлежни субјекти за преземање мерки за превенција, спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, Програма за реинтеграција на жртви на насилство. Тој посочи дека, во следниот период министерството ќе се фокусира на изготвување на осумгодишна Национална стратегија за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, со Акциски план за спроведување на предвидените мерки и активности од стратегијата.

„Приоритет на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Владата на Република Северна Македонија е да имаме ефикасна постапка за заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство, нивна реинтеграција во системот, како и да обезбедиме превенција во насока на намалување на насилството,“ порача Лимани.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }