30.05.2024
Одбележување на Меѓународниот ден на мултиплекс склероза
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се приклучија на денешниот марш организиран по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мултиплекс склероза (МС).
![](content/images/2024/maj/ms_1-56.jpg)
Маршот, организиран од „Мобилност Скопје“ со поддршка од Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија - МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, има за цел подигнување на јавната свест, борба за остварување на правата на лицата со МС, параплегија и дистрофија и создавање на кохезија во заедницата на еднакви можности.
![](content/images/2024/maj/30_5_2.jpg)
Претставниците на „Мобилност” ги искажаа нивните барања од областа на социјалната и здравствената заштита.
![](content/images/2024/maj/30_5_5.jpg)
Министерот за труд и социјална политика по тој повод рече дека предизвици за новата Влада ќе има многу и еден дел од тие работи ги истакнаа претставниците на сојузот.
![](content/images/2024/maj/30_5_1.jpg)
“Енергијата треба да се насочи кон нивна директна помош и поддршка за одредени работи кои ги барат денеска, а низ годините се нерешени, да тргнеме кон решавање на истите и тоа навистина да се прави со брзи чекори за да им дадеме еден полесен и попристапен начин на живеење”, порача Велковски.