11.01.2021

ПОВИК

за учество во работа на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа за 2021 година

Министерството за труд и социјална политика согласно со член 3 од Правилникот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа („Службен весник на Република Македонија” бр. 2/13, 13/16 и 2/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 318/20), во натамошниот текст: Комисија за ревизија,  ги повикува заинтересираните лекари - специјалисти  да се јават за учество во работа на Комисијата за ревизија за период од една година.

На овој повик може да се јават истакнати медицински стручни лица коишто работат во здравствени установи и кои имаат најмалку 5 години работно искуство во областа по положен специјалистички испит во следните области:

  • специјалист интернист,
  • специјалист психијатар,
  •  специјалист по трудова медицина,
  • останати специјалисти (офталмологија, онкологија, кардиологија, неврологија, ортопед, специјалист  хирург  и др.)

Заинтересираните лица за учество во работата на Комисијата за ревизија треба да достават барање, кратка биографија, копија од лиценца за работа, потврда за работен однос и копија од уверение за положен специјалистички испит како доказ за работно искуство во областа од најмалку 5 години по специјализацијата.

Барањето се поднесува до Министерството за труд и социјална политика, ул: “Даме Груев“, бр.14, 1000 Скопје, со назнака: Комисија за ревизија, најдоцна до 15.01.2021 година. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }