17.07.2024
Продолжува соработката со Светска Банка
Денеска, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари работна средба со директорката на Светска Банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју.
![](content/images/2024/juli/17-7-1.jpg)
На средбата, покрај тоа што, беше изразено задоволство од досегашната соработка и беше искажана намера за продлабочување на соработката, двајцата соговорници дискутираа и за прашањата поврзани со социјалните услуги и пензискиот систем.
Министерот Лимани ја информираше директорката Ју за одлуката на Владата за зголемување на пензиите.
![](content/images/2024/juli/17-7-2.jpg)
Директорката на Светска Банка за Западен Балкан, Ју, пак, искажа подготвеност за обезбедување на експертска помош во изнаоѓањето на модел кој на најефикасен начин ќе овозможи зголемување на пензиите.