Шахпаска: Сензорните соби се инструмент за подобар развој на сетилата кај децата со пречки во развој, за нас сите деца се важни

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ја посетија детската градинка „Кочо Рацин“, во чиј склоп се наоѓа сензорна соба наменета за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој.

„За нас предучилишниот и раниот детски развој претставуваат приоритет број еден. Инклузивното предучилишно образование, треба да им помага на нашите најмлади граѓани понатаму да се развиваат и влезат во процесот на образование. Сензорната соба претставува инструмент, алатка во рацете на стручните работници и вработени во градинките, кои преку претходна обука можат да одговорат на потребите на децата кои преку сензорната соба ќе ги развиваат своите сензорни способности", изјави министерката Шахпаска.

Таа ги повика и другите градоначалници да го следат позитивниот пример на Општина Центар. Притоа, се осврна на концептот „Едно општество за сите“.

„За нас сите деца се исти и еднакво важни, затоа што тие се градители на нашта иднина“, потенцираше Шахпаска.

Од страна на градоначалникот Богдановиќ, беше истакнато дека на ниво на општина опремени се три сензорни соби, во склоп на три градинки, кои наскоро започнуваат со прием на деца во нив, за кои ќе се грижи стручен кадар.

Притоа, посочи дека ова е еден дел од вложувањата кои ги прави општината за децата со пречки во развојот и продолжува и понатаму да работи во таа насока.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }