21.10.2024
Средба Лимани-Ѓокташ во Женева: Македонија и Турција се пријателски земји, ја засилуваме нашата соработка и размена на позитивни искуства
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работната посета на Женева оствари средба со министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ.
Клучни точки на разговорот помеѓу двајцата министри на денешната средба беа од областите кои ги покриваат двете министерства како што се: унапредување на правата на жените и социјалните услуги, зајакнување на вредностите на семејството, искоренувањето на насилството врз жените и семејното насилство, заштита на жените, децата и лицата со попреченост.
На средбата се отвори и темата за родовата еднаквост и родово одговорно буџетирање. А се разговараше и за областите демографија и млади.
Соговорниците искажаа подготвеност за потпишување на меморандум за соработка во областите кои се под надлежност на министерствата и размена на позитивни искуства за истите.
Двете страни се согласија дека, Турција и Македонија имаат долга историја на блиски партнерски односи и дека оваа традиција меѓу државите ќе продолжи и понатаму со уште позасилено темпо.