30.09.2025

Лимани: Да инвестираме во луѓето, да ги поддржиме младите и охрабриме оние кои заминале да се вратат - да ја градиме иднината заедно дома 

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа настан по повод промовирање на петгодишната програма 2026–2030 на УНФПА за државата насловен- Демографски трендови - заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Повеќе

25.09.2025

Одржана конститутивна седница на Националното координативно тело за  имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани воедно и претседавач на Националното координативно тело за  имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, денеска ја отвори конститутивната седница на ова тело.

Повеќе

23.09.2025

Сабриу: Со подржани 23 училишта преку програмата - Суперучилишта, Северна Македонија постави рекорд во однос на останатите пет земји од Западен Балкан   

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска учествуваше на настанот насловен „Запознајте ги Суперучилиштата во Северна Македонија“ кој се одржа во Европската куќа (Europe house). Настанот имаше за  цел да ја промовира Програмата за размена на суперучилиштата 2025-2026 на Западен Балкан. Денес беше  официјалното отворање на четвртиот циклус на програмата Суперучилишта поддржана од Европската Комисија и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), која се имплементира од RYCO и GIZ.

Повеќе

15.09.2025

Сабриу по повод Денот за пензиска свесност: Само финансиски писмена нација е силна нација

Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу денеска присуствуваше на настан по повод одбележување на Денот за пензиска свесност- 15 Септември. Настанот беше во организација на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), а се одржа во СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Скопје.

Повеќе

05.09.2025

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2025 година.

Повеќе

03.09.2025

Лимани: Наша заедничка заложба е општество во кое здравјето и социјалната заштита одат „рака под рака“ 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани присуствуваше на промоцијата на  Стратегијата за соработка на Светската здравствена организација (СЗО) со Република Северна Македонија, која има  петгодишна рамка (2026–2030) и претставува дефинирање на  партнерската соработка на СЗО со Владата на Република Северна Македонија.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }