Листа на барања и одговори во 2024 година

1. Барање бр.14-473/1-Колку деца се посвоени во 2023 година?

Одговор: Во 2023 година посвоени се вкупно 19 деца.

2. Барање бр. 14-1197/1

1. Ако МТСП е институцијата надлежна: за работните односи, работувањето и вработеноста; пензиско-инвалидското осигурување;заштитата на работниците при работењето; материјалното обезбедување на привремено невработените;платите и животниот стандард, зошто со години не им е решен статусот на повеќе од 20 воспитувачки во двете градинки во Струга кои се платени само по 10.000 денари и без никакво социјално осигурување?

2.Во моментов повеќе од 20 воспитувачки протестираат во Струга за своите основни права, додека последиците од овој проблем постојано ги трпат децата и родителите кои мораат да работат, која е вашата стратегија за решавање на овој проблем?

3. Барање бр.14-1502/1-Реализација на буџетот во однос на поддршката на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите според буџетските корисници за 2023 година.

4. Барање бр.14-571/1  Прилог

1. Број на деца вклучени во предучилишно образование во учебната 2023/24 според мерката родители ослободени од партиципација (ве молам наведете ги градинките кои вклучиле деца Роми според оваа мерка)

2. Дали во текот на 2023 година се одржа конференцијата за жени Ромки? Доколку да, ве молам наведете детали/извештај во однос на конференцијата.....

5. Барање бр. 14-1639/1-Вкупниот број на лица (официјални капацитети на центарот) кои може да се сместат во Транзитниот центар Винојуг и Табановце. Вкупниот број на лица кои биле сместени во транзитниот центар Винојуг и Табановце на 31 август 2023 и 30 ноември 2023. Дали државата има склучено договор за преведувачки услуги со некое лице кои се потребни за емигрантите/барателите на азил при нивна првична регистрација и дали има стандардни оперативни процедури според кои се врши идентификација на новорегистирани мигранти. 

6. Барање бр.14-630/1-Дали е започната  или спроведена мерката А.1.1.1. Отворање на програма за поддршка за основање на социјални претпријатија од Ромки со примарен фокус на работа во/со ромската заедница преку директни инвестиции?...... 

7.Барање 14-2093/1- 1. Име и презиме/назив на адвокатски друштва чии услуги сте ги користеле во текот на 2023 година. 2. За секој поединечен адвокат/адвокатско друштво доставете ни ги износите на извршените исплати и основата за секоја исплата во текот на 2023 година 3. Како е избран секој од адвокатите/адвокатско друштво чии услуги сте ги користеле.

Одговор: Министерството за труд и социјална политика нема користено адвокатски услуги во текот на 2023 година.

8. Барање бр.Барање 14-1640/1 - Копија од записникот од јавното наддавање со кое беше продадено детското одморалиште „Македонија“ во Тиват, Црна Гора.- Копија од склучениот договор за негова продажба.- Копија од записникот од примопредавањето на објектот на новиот сопственик.

Одговор:

Во прилог Ви ги доставуваме следните информации:

- Копија од спроведената постапка за продажба на недвижни ствари со јавно наддавање за детско одморалиште „Македонија“ – Тиват, Република Црна Гора со број 02-3974/7 од 03.12.20210 година.

- Копија од Договор за продажба на недвижна ствар ДО Македонија Тиват, Република Црна Гора со јавно наддавање, број 05-3974/15 од 18.02.2011 година.

- Копија од Солемнизација на договор за примопредавање на објект од 09.082011 година.

9. Барање 14-474/1 -1.Кои услови треба да ги исполнува лице бездомник за да пријави живеалиште на адреса на Центарот за социјални работи согласно член 3 став 6 од Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните за издавање на прва лична карта?.....

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }