12.02.2022
Тренчевска: Реализираме политики кои се одговор на потребите на самохраните родители, социјалната реформа дава реални резултати
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска посети две еднородителски семејства во Штип, со кои разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат, како и ефектите од социјалната реформа со која се промени целосно пристапот кон ранливите категории на граѓани.
![](content/images/sliki_2022/fevruari/slika 4_.jpg)
Таа истакна дека социјалната реформа креирана со цел унапредување на правата и зголемување на помошта за ранливите категории на граѓани, дава реални резултати, а тоа е зголемена социјална помош, за 300%, детски и образовен додаток и поголеми права и услуги за лицата со попреченост.
![](content/images/sliki_2022/fevruari/slika 2_.jpg)
„Едното семејство користи надоместок заради попреченост на лице со најтешка телесна попреченост, Гарантирана минимална помош, надоместок за помош и нега од друго лице а исто така детето е корисник на услуга дневен престој во Дневен центар за деца со интелектуална или телесна попреченост. Мајката не информираше дека користи и надомест за стечаен работник кој со проширувањето на опфатот на лица кој го направивме го оствари ова право.
![](content/images/sliki_2022/fevruari/slika 3_.jpg)
Имено, со новото законско решение, дополнителни 1100 стечајци добиваат материјално обезбедување од 9.242 денари месечно.За другото семејство, мајката која е самохран родител, ме информираше дека за двете деца кои се ученици користат и детски и образовен додаток, мајката е вработена и со измените во Законот за минимална плата, ќе добие зголемена плата од 18.000 денари,“ информираше министерката.
Таа истакна дека, Владата и Министерство се отворени и достапни за сите потреби и сите предизвици со кои се соочуваат самохраните родители, како и останатите граѓани на кои помошта им е неопходна. Тука сме за граѓаните, рече Тренчевска, за сите инцијативи кои доаѓаат од нив, а кои ќе придонесат за да испорачаме резултати од кои придобивка ќе имаат сите.