31.05.2022

Тренчевска: Влогот во човечкиот капитал е влог во државата

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се обрати на панел дискусијата „Човечкиот капитал во дваесет и првиот век“ во рамките на „Скопскиот економски и финансиски форум“.

Министерката зборуваше за важноста на предучилишното воспитание и зајакнување на капацитетите на вработените во градинките. Како и за креирањето на политики и мерки за решавање на предизвиците со невработеноста и вработливоста на младите.

Повеќе

31.05.2022

Преку обуките во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање се зајакнуваат капацитетите на вработените во јавниот сектор

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Центарот за управување со промени и поддршката на канцеларијата на UN Women во Скопје започна со спроведување на серија обуки наменети за зајакнување на капацитетите во институциите, кои се одржуваат во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање. Обуките се организирани во рамките на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.

Повеќе

31.05.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог е клучот за носење на решенија од кои придобивка имаат сите граѓани 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на покана на Организација на работодавачи на Македонија, присуствуваше на годишното Собрание на оваа организација со свое обраќање, во кое се осврна на досегашните законски решенија во надлежност на министерството, како и законите чија подготовка е во тек.

Повеќе

31.05.2022

Тренчевска: Се залагаме за создавање на похумано општество во кое сите граѓани имаат еднакви права, можности и третман

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски ги посети домовите на двајца корисници на услугата помош и нега во домот и притоа доделија решенија за користење на оваа услуга, преку Проектот Сервис за стари-„Центар се грижи за возрасните“.

Повеќе

31.05.2022

Тренчевска: Соработката со Светска Банка резултира само со успех

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска заедно со Ана Бјерде, потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија Линда Ван Гелдер, регионална директорка за Западен Балкан при Светска банка Шиаочинг Ју, директорка за стратегија и операции при Светска банка, Масимилијано Паолучи директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија и Косово и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски ја посети градинката во Волково изградена преку Проектот за подобрување на социјални услуги финансиран од Светска банка. На посетата беа презентирани конкретни резултати постигнати во рамки проектот поддржани од експертизата на нивниот тим.

Повеќе

30.05.2022

Тренчевска: Креираме политики и мерки кои овозможуваат економско зајакнување на жените од руралните средини

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во дебарското село Долно Косоврасти присуствуваше на средбата за вмрежување и градење на сојузништва „Можности за економска активација и вработување на жените од Маврово, Ростуше, Дебар и Центар Жупа“ која беше организирана од Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска-Скопје, Здружението Радика Де -Дебар и Институтот за општествени и хуманистички науки Скопје, како дел од проектот „Родова димензија на политики во фокус – јакнење на резилиентност во пост-ковид период“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка под програмата Цивика Мобилитас. На средбата се разговараше за можностите за економски активности на жените во програмите и мерките кои ги имплементира Министерството за труд и социјална политика во соработка со сите ресурсни министерства.

Повеќе

27.05.2022

Хусеин: Продолжуваме со креирање на мерки и програми со кои го олеснуваме животот на лицата кои се во социјален ризик

Заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, денеска се обрати на тркалезната маса на тема „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“.

Повеќе

27.05.2022

Тренчевска: Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и еднакво општество, да вложуваме во нивниот развој тие се иднината на современите општества​

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, амбасадорот на Кралството Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија, претставниците на амбасадите на Република Полска и Бугарија и останати соработници денеска присуствуваа на настан кој имаше за цел поддршка на социјалните претпријатија од страна на државата и донаторската заедница претставена од Делегацијата на Европската унија, уважените амбасади, меѓународните и националните организации кои го поддржуваат развојот на социјалното претприемништво во нашата држава.

Повеќе

27.05.2022

МТСП: Во понеделник почнува исплатата на мајските пензии, со дополнителни 1000 денари финансиска поддршка

Министерството за труд и социјална политика известува на ден 30.05.2022 год. (понеделник) започнува етапната исплата на мајските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.

Повеќе

27.05.2022

Тренчевска: Граѓанскиот сектор е наш партнер во унапредувањето на социјалните услуги

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставниците на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, на која се разговараше за досегашните и идни активности на здружението.

Повеќе

26.05.2022

Тренчевска: Оваа Влада ги зголеми платите на вработените во градинките за 36% и изгради 69 градинки од 2017 година до денес

„Од 2017 година и направената анализа на состојбата во градинките, утврдена е очајна состојба. Се утврди недостаток на околу 2000 работни места, а најголем дел од тие што работеа во нив, беа вработени со Договор на определено време. Сите тие со доаѓањето на оваа Влада, добија решенија на неопределено време. Од 2018 -2022година, вкупно оваа Влада има дадено согласности за вработување на 2385 лица,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со вработени во градинките.

Повеќе

 25.05.2022

МТСП: Развој на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост со широк општествен консензус и учество на сите страни

Како дел од процесот на развивање на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост на Република Северна Македонија денеска во просториите на Сојузот на Националните инвалидски организации-Даре Џамбаз во Скопје се одржа консултативна средба со сите релевантни чинители кои се засегнати со процесот на развојот на документот, односно претставници на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, членови на НКТ за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Агенциите на Обединетите Нации во земјата, Националните инвалидски организации, претставници на Канцеларијата на Народниот правобранител, граѓанските организации, родителските заедници и лица со попреченост.

Повеќе

25.05.2022

Тренчевска: Унапредувањето на човековите права, еднаквост и борба против секаков вид на насилство е наш приоритет и одговорност

Министерката за труд и социјaлна политика, Jованка Тренчевска денеска имаше воведно обраќање на тркалезната маса на тема „Заедно до брзо решение на насилството врз жените и семејното насилство“, организирана од Сојуз – Национален совет за родова рамноправност.

Повеќе

23.05.2022

Тренчевска од Струмица: Ги унапредуваме правата и услугите од социјална заштита согласно потребите на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска посетата во Струмица ја започна со заеднички појадок со корисниците во станбените единици кои со процесот на деинституционализација се преместени од Заводот Бања Банско.

Повеќе

21.05.2022

Тренчевска од Берово: Преку унапредување на правата и услугите од системот на социјална заштита обезбедуваме поголема грижа за ранливите категории

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска при посетата на Општина Берово, беше во посета на установи од социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

20.05.2022

Тренчевска: Почитување на правата на децата, вложувањата за подобрување на системот на детска заштита и раниот детски развој и грижа се наши врвни приоритети

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на работилницата за јакнење на капацитетите на релевантните институции за воспоставување на инструмент по мерка за следење на имплементацијата на правата на децата во рамки на ИПА проектот „ЕУ за владеење на правото“.

Повеќе

20.05.2022

МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период

Министерството за труд и социјална политика, известува дека во тек е исплатата на образовниот додаток за трет мерен период за учебна година 2021/2022 година во која се опфатени вкупно 32.403 корисници на ниво на држава.

Повеќе

20.05.2022

Тренчевска: Потпишани измените и дополнувањето на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати за време на штрајк

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска потпишаа спогодба за измена и дополнување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста на одмор и рекреација на децата.

Повеќе

20.05.2022

Тренчевска: Преку подобрување на условите за странски работници и поедноставување на законските процедури, придонесуваме во намалувањето на дефицитот на работна сила

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на Меѓународната конференција за миграција „Луѓе во движење. Државјанство, идентитет и развој“, организиран од Универзитетот Мајка Тереза, Скопје. На конференцијата министерката Тренчевска даде краток осврт на едно од прашањата кој ги засегаат сите држави во светот а особено емиграционите држави во кој се вбројува и Република Северна Македонија.

Повеќе

19.05.2022

Тренчевска: Општина Делчево добива нова детска градинка со капацитет за 130 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски денеска потпишаа Договор за изградба на нова детска градинка која ќе обезбеди опфат на нови 130 деца од оваа општина.

Повеќе

18.05.2022

Средба Тренчевска-Јан Коп: Холандија останува силен поддржувач на Северна Македонија, заштитата на човековите права е наш заеднички приоритет 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата држава, Дирк Јан Коп, на која беше потврдена одличната соработка помеѓу државите, во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

18.05.2022

Тренчевска: Поддршката на Сојузот на борци продолжува

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на Сојузот на борци, д-р Никола Стојановски, на која уште еднаш беше потврдена поддршката на Владата на Република Северна Македонија на Сојузот на борците во негувањето на традициите, одбележувањето на светлите датуми од Народноослободителната војна и зачувување на споменот на борците.  

Повеќе

18.05.2022

Тренчевска: Билатералната соработка со Република Франција продолжува, вложуваме во унапредување на родовата еднаквост и пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Франција Сирил Бoмгартнер. На средбата се разговараше за унапредување на родовата еднаквост и на пазарот на трудот за вклучување на што повеќе лица кое е планирано да се оствари преку соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Француската Амбасада. Како и продолжување на претходната билатералната соработка со што се воспоставени пријателски односи. Даден е и предлог за потпишување на меморандум за соработка со Економско социјалниот совет и животна средина од Република Франција.

Повеќе

17.05.2022

Тренчевска: Заедно со граѓанскиот сектор ги унапредуваме правата на маргинализираните групи на граѓани


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска потпиша меморандум за соработка со Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА во делот на спроведување на активности кои се од заеднички интерес во унапредување на вработеноста и вработливоста на Ромките како маргинализирана група граѓанки.

Повеќе

17.05.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог со СОНК продолжува, се приближуваме до конечното решение

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Самостоен синдикат за образование наука и култура (СОНК), Јаким Неделковски, со претставници од двете страни денеска одржаа средба на која продолжија разговорите околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК.

Повеќе

16.05.2022

Тренчевска од Битола: Ја унапредуваме детската и социјална заштита, грижата за ранливите граѓани е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во денешната посета на Општина Битола, беше во посета на установи од детска и социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

13.05.2022

Ресурсниот центар за креирање политики и родово одговорно буџетирање продолжува во исполнување на својата цел

Министерството за труд и социјална политика организираше уште една дводневна работилница во Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање на тема „Родово буџетски изјави- Извештај за родово одговорно буџетирање (Follow up)“.

Повеќе

12.05.2022

Тренчевска: Дијалогот со СОНК продолжува во насока на унапредување на правата на вработените во детска заштита

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

12.05.2022

Потпишана Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Безбедни деца-безбедна иднина“ 

Децата се најранливата категорија учесници во сообраќајот. Како пешаци, патници или возачи на велосипеди. Едукацијата на децата и надградување на нивните знаења и способности придонесуваат за подигање на свесноста и одговорноста во сообраќајот.  

Повеќе

12.05.2022

Тренчевска: Апликацијата Сиборд претставува унапредување на инклузијата на децата со попреченост уште од најраната возраст

Министерката за труд и социјална политика денеска присуствуваше на официјалната промоција на дигиталните алатки „Сиборд“ и „Сузе“ за алтернативна и аугментативна комуникација. Настанот беше организиран од страна на УНИЦЕФ.

Повеќе

11.05.2022

Тренчевска: Социјалниот дијалог со сите релевантни чинители е клучен за унапредување на работничките права

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на дводневната национална работилница на тема „Обезбедување на одржлива иднина за индустриите за производство на текстил, облека, кожа и обувки во Југоисточна Европа“, во организација на Индустриал Европа. Работилницата е дел од проект финансиран од ЕУ кој се реализира во соработка со европските и националните социјални партнери во индустриите за текстил, облека, кожа и обувки во Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Србија.

Повеќе

10.05.2022

МТСП: Започнува интезивна работа на новиот Закон за работни односи

Министерството за труд и социјална политика од утре започнува со интезивна работа на новиот Закон за работни односи, со цел креирање на нов системски закон кој ќе одговори на потребите на едно современо општество.

Повеќе

10.05.2022

Тренчевска: Секоја иницијатива која има за цел унапредување на родовата еднаквост е важна, заедно градиме еднакво општество за сите

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на презентирањето на новата иницијатива - Алијанса за родова еднаквост на работно место, (Gender Equality Aliance- GEA). Иницијативата на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми за унапредување на родовата еднаквост на работното место, еднакви можности, еднаква застапеност и вреднување на трудот.

Повеќе

09.05.2022

МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучулишните установи

Владата на Република Северна Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.

Повеќе

09.05.2022

Тренчевска: Преку развојот на социјалните услуги на локално ниво, услугите ги приближуваме до граѓаните, во нивното место на живеење 

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на работилницата „Развој на социјални услуги на регионално ниво“, организирана од Скопскиот плански регион и Програмата за развој на ООН, со цел поттикнување на дискусија и размена на искуства за креирање на успешни социјални планови на локално ниво.

Денешната работилница е седма тематска работилница од вкупно осум организирани во партнерство со сите плански региони.

Повеќе

06.05.2022

Тренчевска: Соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор е клучна во борбата против насилството, со советувалиштето во Струмица опфатени се сите региони во државата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска го посети советувалиштето за жени жртви на семејно насилство и нивните деца во Општина Струмица, кој е прв специјализиран сервис во Југоисточниот регион што нуди психосоцијална и бесплатна правна помош за жртвите на насилство. Воeдно денеска започна и локалната кампања за зголемување на свеста за родово засновано и семејно насилство, која се спроведува од здружението на граѓани „Скај плус’’, во рамки на проектот „Обезбедување бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка за најмалку 200 жени припаднички на малцинствата и ранливите групи’’, под водство на ХЕРА – Асоцијација за здравствено образование едукација и истражување, и УН ВОМЕН Скопје, со финансиска поддршка од страна на Европската Унија.

Повеќе

05.05.2022

Тренчевска: Едукацијата за здравјето е од особено значење за заштита на сите граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се сретна со Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

На средбата потпишаа меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари во делот на заштита и унапредување на здравјето на децата и малолетните лица, младината, жените и лицата со пречки во развојот на Република Северна Македонија.

Повеќе

05.05.2022

Тренчевска  по повод 5 мај - Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашиот идентитет и не прави посебни и препознатливи во светот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на настан по повод одбележувањето на 5 мај - Денот на македонскиот јазик, во Клубот на пратеници.

Во своето обраќање таа потенцираше дека, раното детство е важно за севкупниот развој на личноста. Како и дека, целокупните воспитно-образовни активности во предучилишното воспитание се насочени кон почитување и задоволување на потребите, интересите и можностите на секое дете.

Повеќе

05.05.2022

Тренчевска: Инвестираме во детската заштита, за само 100 дена, издадени се осум решенија за​ отворање на нови градинки

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во текот на вчерашната посета на Пробиштип, присуствуваше и на одбележувањето на патрониот празник на ЈОУДГ „Гоце Делчев“, кои за таа пригода подготвија свечена приредба во изведба на децата од детските градинки.

Повеќе

04.05.2022

Тренчевска: Растот на пензиите е меѓу првите мерки кои ги реализиравме во првите 100 дена од мандатот на оваа Влада

Министерката за труд и социјала политика, Јованка Тренчевска во текот на денешната посета на Пробиштип, заедно со градоначалникот Драган Анастасов  оствари средба со пензионерите од оваа општина, во Клубот на пензионери. На средбата се разговараше за прашања кои директно влијаат на квалитетот на нивниот живот.

Повеќе

04.05.2022

Тренчевска: Сензорните соби се од големо значење за лицата со попреченост и се важна алка во терапевскиот пристап наменет за нив

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го посети Дневниот Центар за лица со попреченост во Пробиштип, во кој од неодамна функционира сензорната соба за лица со попреченост.

Повеќе

04.05.2022

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
 
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2022 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 мај 2022 година.

Повеќе

03.05.2022

Тренчевска: Социјалната заштита е високо на нашата агенда, грижата за граѓаните е наш приоритет

Министерката за труд и социјална политика денеска се сретна со претседателот на „Банка за храна“ Душко Христов.

На средбата се разговараше за предлог Законот за донирање на вишок храна од страна на претседателот до Министерството за труд и социјална политика.

Повеќе

01.05.2022

Битиќи и Тренчевска: Нашиот највреден ресурс е човечкиот, ја поддржуваме и продолжуваме борбата за работничките права

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по повод 1 мај - Меѓународниот ден на трудот, одржаа средба со претставниците на синдикатите во Владата на Република Северна Македонија, на која се разговараше за сите прашања кои се во насока на унапредување на работничките права.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }