23.07.2024
Средба на министерот Лимани со Националниот сојуз на слепи
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претседателот на Националниот сојуз на слепи, Жарко Селковски.
На средбата соговорниците разговараа за предизвиците со кои се соочуваат слепите лица во државата, правата кои ги користат од системот на социјална заштита, како и асистенцијата која во моментот им е достапна.

Заклучоците од средбата беа да се дојде до заедничко најсоодветно решение кое ќе значи унапредување на правата на слепите лица и подобрување на квалитетот на живот на истите.
Соговорниците изразија подготвеност за зајакнување на соработката помеѓу министерството и сојузот, но и вклучување на институциите кои се поврзани со оваа област.