30.10.2024

Лимани: Новата детска градинка во Ѓорче Петров ќе обезбеди влез на нови 100 деца во предучилишното воспитание и образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски, градоначалникот на О. Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, министерот Мисајловски, заменик министерот Велковски, и останати присутни пратеници, советници и граѓани, симболично го означија почетокот на изградба на новата детска градинка во населеното место Стопански Двор, О. Ѓорче Петров.

Повеќе

29.10.2024

Велковски: Спортот е моќна алатка за зајакнување на младите, развој на основните животни вештини и поттикнување на регионалната соработка

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски учествуваше на настанот насловен „Регионална соработка и зајакнување на младите преку спортот“ во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка - РИКО (RYCO), Амбасадата на Германија и Германското друштво за меѓународна соработка -ГИЗ (GIZ).

Повеќе

29.10.2024

Велковски: Предизвиците со кои се соочува современото семејство се комплексни и бараат холистички пристап

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски се обрати на Меѓународната конференција на тема: „Предизвиците на современите семејства“, организирана од Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет, кој годинава го одбележува својот 10-годишен јубилеј.

Повеќе

28.10.2024

Лимани: Да им се доближиме на нашите граѓани со развој на повеќе социјални услуги согласно нивните потреби и потребите на целото семејство   

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани по повод одбележување на Интернационалниот ден на нега, грижа и поддршка,  учествуваше на Тркалезна маса и презентација на Препораките за политики околу втемелување на семејниот пристап при осмислување и спроведување услуги на грижа и нега.

Повеќе

28.10.2024

Лимани: Интензивно работиме на јакнење на капацитетите на предучилишното воспитание и  образование

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на завршен настан на проектот „Подигнување на квалитетот на предучилишното образование и грижа“. Оваа иницијатива, финансирана од Европската Унија, целеше кон подигнување на квалитетот на услугите за предучилишно образование и грижа.

Повеќе

22.10.2024

Средба Лимани- Бауер во Женева: Заедно со UNFPA ги мапираме предизвиците и креираме решенија кои вистински ќе им помогнат на граѓаните 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска одржа особено важна средба со Регионалната директорка за Источна Европа и Централна Азија на UNFPA, Флоренс Бауер во Женева.

Повеќе

22.10.2024

Средба Лимани - Санз Луке во Женева: Ја зајакнуваме соработката со UN Women преку заеднички конкретни проекти и мерки 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работниот престој во Женева оствари средба со Регионалната директорка на UN Women за Европа и Централна Азија, Белен Санз Луке.

Повеќе

21.10.2024

Средба Лимани-Ѓокташ во Женева: Македонија и Турција се пријателски земји, ја засилуваме нашата соработка и размена на позитивни искуства 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работната посета на Женева оствари средба со министерката  за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Ѓокташ.

Повеќе

21.10.2024

Лимани од Женева: Само родовата еднаквост го прави едно општество повитално и просперитетно, да работиме заедно за зајакнување на позицијата на жената во светот 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).
Министерот Лимани во своето обраќање зборуваше за досегашното спроведување на Пекингшката декларација за родова еднаквост и заложбите на земјата за наредниот пет годишен период. 

Повеќе

21.10.2024

Министерот Лимани на дводневна посета во Женева на Регионален состанок - Пекинг +30 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир  Лимани од денеска е во дводневна посета на Женева, заради учество на Регионалниот состанок за следење на напредокот на Пекингшката декларација и Платформа за акција за родова еднаквост (Пекинг +30).

Повеќе

18.10.2024

Средба на министерот Лимани со претставникот на УНХЦР, Гуалано де Годој 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставникот на УНХЦР-Агенција за бегалци на Обединетите нации, г-дин Габриел Гуалано де Годој. Средбата е резултат како дел од заедничките напори за заштита на правата и благосостојбата на бегалците, мигрантите и барателите на азил. 

Повеќе

18.10.2024

Министерот Лимани на средба со Заменик-извршната директорка на UN Women, Гумбонзванда 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани заедно со претставници на министерството од Секторот за еднакви можности, остварија средба со Заменик-извршната директорка на UN Women, Нјарадзаи Гумбонзванда, регионалната директорка за Европа и Азија на UN Women, Белен Санз и регионалната директорка на канцеларијата на UN Women во Северна Македонија, Весна Ивановиќ Кастаред.

Повеќе

17.10.2024

Средба Лимани-Ѓека: Црна Гора и Македонија се пријателски земји, ја зајакнуваме соработката во областите кои не поврзуваат 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.

Повеќе

17.10.2024

Лимани: Француската поддршка е добредојдена, заедно продолжуваме да работиме на политиките за млади, родовата еднаквост и во борбата против насилството
 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Северна Македонија Кристоф Ле Риголер.

Повеќе

17.10.2024

Велковски: Наша обврска е да се грижиме за бездомните лица

Во рамките на македонско-австриската соработка, на 17 и 18 октомври 2024 година во Скопје се одржува дводневна работилница со цел размена на искуства за услуги за бездомни лица/лица без сопствен дом.

Повеќе

16.10.2024

Сабриу со порака до младите: Светот има потреба од вас, затоа бидете гласни, храбри, одлучни и дадете се од себе-иднината е ваша!

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, на покана на Младинскиот образовен форум-МОФ, а во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, присуствуваше на презентацијата на четири истражувања направени од млади студенти со особено важни теми: финансирање и буџетирање на младите на национално и локално ниво,  информираноста и подготвеноста да пријават корупција, влијанието на аерозагадувањето врз здравјето на младите и користењето на вештачката интелигенција во образовниот процес на студентите. 

Повеќе

15.10.2024

Средба Лимани-Шчекич: Само обединети како регион можеме да одиме напред и да се приклучиме на глобалниот економски пазар 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, во рамки на работната посета на Берлин, заради учеството на Форумот за млади од Западен Балкан, оствари билатерална средба и со министерот за спорт и млади на  Црна Гора, Драгослав Шчекич. 

Повеќе

14.10.2024

Средба Лимани – Мужаќи на маргините на Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани на маргините на Форумот на млади во рамки на Берлинскиот процес, оствари средба со државната министерка за млади и деца на Албанија, Бора Мужаќи.

Повеќе

13.10.2024

Лимани од Форумот за млади во рамки на Берлинскиот процес: Младите, претставуваат клучна демографска група во обликувањето на иднината на Европа 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани е во посета на  Берлин, Сојузна Република Германија заради учество на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан, како дел од настаните организирани во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14-ти Октомври.

Повеќе

12.10.2024

Министерoт Лимани учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска отпатува за Берлин, Сојузна Република Германија на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан како дел од настаните организирани во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14-ти oктомври.

Повеќе

10.10.2024

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка 

За нас како Влада главна и стратешка определба претставува економијата, односно подобрување на перформансите на економијата, бидејќи ако немаме добра и стабилна економија, тогаш немаме ништо во државата, порача Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешната прва конститутивна седница на Економскиот социјален совет.

Повеќе

10.10.2024

Велковски по повод 59 години од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“-Скопје: Деинституционализацијата е успешна доколку продолжи грижата за децата и понатаму со понуда на различни социјални услуги

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на одбележување на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје.

Повеќе

08.10.2024

Сабриу: Интеграцијата и активното учество на Ромите во општествените процеси носат бројни придобивки за целото општество 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Националната конференција за имплементација на политиките за инклузија на Ромите, во организација на Институтот за истражување и анализа на политики-Ромалитико. На настанот учествуваа разни општествени чинители кои работат на инклузија на ромската заедница и остварување на целите на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022 – 2030.

Повеќе

07.10.2024

Сабриу: Интеграцијата на ранливите категории на граѓани во системот покрај за нив, носи придобивки за целото општество 

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, заедно со Министерот за економија и труд, Дурмиши, Раководителот во Делегација на ЕУ во земјава, Албу, Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Бељули, учествуваа на завршната конференција посветена на презентација на постигнатите резултати од спроведените мерки и услуги за вработување поддржани од проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, четврт директен грант на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, финансиран од Инструментот за претпристапна помош. Европската Унија финансиски го поддржа овој Проект како дел од Акциска програма 2017-ЕУ поддршка на образованието, вработувањето и социјалната политика.

Повеќе

05.10.2024

Лимани: Продолжуваме 100% посветено да работиме исклучиво во интерес на децата, младите, пензионерите и ранливите категории граѓани

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Отчетноста и транспарентноста се одлики на добра управувачка практика и владеење на демократијата во една земја. Тоа значи јасно и отворено информирање на граѓаните за сработеното, за она што е во тек и плановите на среден и долг рок.

Како Влада и ресорни министерства, ја имаме одговорноста од носењето на одлуките до нивната реализација. Затоа што вие, граѓаните, ни ја дадовте вашата доверба, која ние носителите на државни функции треба да ја оправдаме.

Повеќе

04.10.2024

Велковски во работна посета на Општина Крушево

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски беше во работна посета на општина Крушево, при што оствари средба со градоначалникот Томе Христовски, на која што детално се разговараше за клучните предизвици со кои се соочува општината, особено во делот на предучилишното образование, социјалните услуги и загрижувачкиот тренд на иселување на младите. 

Повеќе

04.10.2024

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита 

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 04 октомври 2024 година.

Повеќе

02.10.2024

Средба Лимани-Меидани: Албанија и Македонија се пријателски земји, меѓусебната поддршка продолжува 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска оствари средба со Амбасадорот  на Република Албанија во Северна Македонија, Денион Меидани.

Повеќе

02.10.2024

Министерот Лимани на средба со претставници на МАПАС 

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска се сретна со претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување-МАПАС.

Повеќе

01.10.2024

Лимани: Меѓународниот ден на старите лица, го одбележуваме со повисоки пензии и цели за подобар пензионерски стандард

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска беше во посета на корисничка на услугата помош и нега во домот, пензионерка која живее сама и е корисничка на оваа услуга повеќе од една година. Услугата ја обезбедува АДЗ АДРА Скопје на територијата на Општините Бутел, Чаир и Чучер Сандево и за таа цел е лиценцирана од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. 

Повеќе

01.10.2024

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари 

Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }