01.06.2022
Тренчевска: Вложуваме во квалитетно предучилишно воспитание, тоа е клучно за правилниот раст и развој на децата
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на Меѓународниот ден на децата присуствуваше на завршната приредба подготвена од страна на мини матурантите од ЈОУДГ Фидани“, Општина Чаир.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/1_6/slika 3 mm.JPG)
Околу 240 дечиња од Јавната установа „Фидани“ кои доаѓаат од 5 објекти, го заокружуваат предучилишниот процес и веќе од септември ќе седнат во училишните клупи.
„Завршувањето на деновите поминати во детската градинка и подготовката за влезот во училиштето е голем чекор напред за овие млади индивидуи, кои продолжуваат да се искачуваат по скалилата кои живот значат. А токму градинката е местото каде што тие се стекнаа со знаења за светот кој ги опкружува. За почитувањето на различностите, за културата и обичаите, за животниот и растителен свет, за заштитата на животната средина. Низ игра учеа за значењето на другарството, за хуманоста и за тоа дека секој еден е важен, а сите ние сме парчиња на мозаикот наречен општество“, рече Тренчевска.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/1_6/slika 6 mm.JPG)
Таа ја истакна улогата на стручниот кадар, воспитувачките и негователките, кои се грижат децата да се стекнат со квалитетно предучилишно воспитание.
Министерката Тренчевска, рече дека за Владата и Министерство за труд и социјална политика предучилишното згрижување и воспитание е приоритет, а за тоа говорат фактите дека од 2017 година досега изградени се 69 детски градинки ширум државата, а со тоа обезбеден опфат на нови 4300 деца.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/1_6/slika 2 mm.JPG)
До крајот на годината предвидено е отворање на 13 објекти на територијата на целата држава со опфат на околу 1360 деца, и дополнително 15 градинки кои се во тек и се планирани да се отворат во 2023 година со вкупен капацитет за 1.905 деца. На ниво на град Скопје од 2017 година до денес отворени се 17 детски градинки, а во тек е изградба на 6 нови градинки, за околу 1000 деца.
![](content/images/sliki_2022/juni_2022/1_6/slika 4 mm.JPG)
Министерката им ја честиташе мини матурата на децата и им посака многу успех во понатамошниот живот. Истовремено го честиташе и Меѓународниот ден на децата.
„Патувајте, сонувајте и нека небото ви биде лимит“, порача Тренчевска.