Издавање на општа лиценца за работа  

Издавање на општа лиценца за работа, се врши на стручни работници вработени во дејноста социјална заштита, односно вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги. На вработените во јавните установи лиценца за работа во дејноста социјална заштита им се издава само доколку се распоредени на работно место даватели на јавни услуги.

Аплицирањето за издавање на лиценца се врши во точно определени сесии за аплицирање кои се објавуваат во делот Сесии за аплицирање за издавање на лиценца за работа.

Кандидатите кои аплицираат во сесиите за издавање на лиценца за работа, потребно е да поднесат барањето за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа, заедно со другите потребни документи во рокот кој ќе биде наведен во сесијата и истите треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје, ул. 11 Октомври 42 - а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично во архива.

Потребни документи за аплицирање:

Согласно Правилник за начинот за издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценца за работа на стручните работници, формата и содржината на образецот на лиценцата за работа (Сл. весник на РСМ, бр.79/2020) и Програмата за полагање на стручен испит на ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, кандидатите треба да ги поднесат следните документи: 

  • барање за полагање на стручен испит за стекнување со лиценца за работа (образец);
  • уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен;
  • доказ за државјанство на Република Северна Македонија;
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;
  • потврда за помината почетна едукација спроведена согласно Програмата за континуирана професионална едукација на стручните работници во установите за социјална заштита и кај други даватели на социјални услуги (потврдите ќе бидат изготвени и ставени во прилог на досието од страна на ЈУ Завод за социјални дејности, за сите стручни работници кои ја имаат поминато почетната едукација со сите задолжителни содржини предвидени во програмата;
  • решение за распоредување на работно место на давател на јавна услуга (за вработените во јавните установи) или договор за работа за вработените кај други даватели на социјални услуги;  
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа (уплатница);
  • приказ на студија на случај (образец) (во четири примероци)

ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ СЕ ДОСТАВУВААТ ВО ОРИГИНАЛ ИЛИ КОПИЈА ЗАВЕРЕНА НА НОТАР.

 

Служба за правно нормативни работи и професионален развој

  • 076 475 451
  • 075 242 953

(ЈУ Завод за социјални дејности - Скопје) телефон 02/3230-401   

 e-mail: licenciranjezsd@mtsp.gov.mk

НапоменаЛицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лиценца за вршење стручна работа во дејноста социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои аплицираат за лиценца во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }