09.05.2022
МТСП: Се укинуваат Ковид протоколите во предучулишните установи
Владата на Република Северна Македонија на редовната 42-ра седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести.
![](content/images/2019/LOGO/mtsp_logoo_content1.png)
Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.
Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19 во предучилишните установи престануваат да важат.