12.05.2022
Тренчевска: Дијалогот со СОНК продолжува во насока на унапредување на правата на вработените во детска заштита
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.
![](content/images/sliki_2022/maj2022/sonk_1.jpeg)
На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија.
Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
![](content/images/sliki_2022/maj2022/sonk_3.jpeg)
На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
![](content/images/sliki_2022/maj2022/sonk.jpeg)
Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.