12.10.2024

Министерoт Лимани учествува на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес 

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани денеска отпатува за Берлин, Сојузна Република Германија на Форумот за млади на земјите од Западен Балкан како дел од настаните организирани во рамки на Берлинскиот процес на 13-ти и 14-ти oктомври.

Лимани ќе се обрати на конференцијата насловена: „Декада на влијание: Младите го зајакнуваат регионот во рамките на Европскиот проект“, заедно со министри на Владите од шесте земји од Западен Балкан, како и на Франција и Германија и претставници на Регионалните канцеларии за младинска соработка – RYCO.

Оваа година се одбележува значаен јубилеј во историјата на нашиот регион — 10 години од започнувањето на Берлинскиот процес кој што не претставува само иницијатива, туку визија за иднината на Западен Балкан, преку промовирање на регионална стабилност, економски развој, соработка меѓу земјите и поддршка во евроинтеграциите.

Основањето на RYKO претставува особено важна платформа за младите во нашиот регион, затоа што игра клучна улога во поврзувањето на младите во регионот. И претставува  едно од најголемите достигнувања произлезени од Берлинскиот процес.

Во агендата на Министерот Лимани покрај учеството на панел дискусијата насловена: „Европскиот проект низ призмата на младите“, се и повеќе билатерални средби. Како дел од делегацијата која ја предводи министерот Лимани се Државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу и Шеф на Кабинет, Флутра Калиси.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }