16.10.2024
Сабриу со порака до младите: Светот има потреба од вас, затоа бидете гласни, храбри, одлучни и дадете се од себе-иднината е ваша!
Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу, на покана на Младинскиот образовен форум-МОФ, а во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, присуствуваше на презентацијата на четири истражувања направени од млади студенти со особено важни теми: финансирање и буџетирање на младите на национално и локално ниво, информираноста и подготвеноста да пријават корупција, влијанието на аерозагадувањето врз здравјето на младите и користењето на вештачката интелигенција во образовниот процес на студентите. Во своето поздравно обраќање Државниот секретар, Сабриу истакна дека истражувањата ќе придонесат за подобрување на државните политики.
„Младите најдобро ги препознаваат слабостите во општеството, затоа што се директно инволвирани во социјалниот живот. Она што е потребно е да ги слушнеме, разбереме и подржиме. Заедно да работиме на унапредување на стандардот на младиот човек во државата. Затоа што ако сакаме да ги задржиме дома, бидејќи се повеќе е јасно дека младите масовно си одат, треба да преземеме акција уште денес, да не дозволиме утре да биде доцна,“ порача Сабриу.
Споделувајќи лично искуство за својот пат кој тој го поминал, порача: „Јас сум сигурен дека секој од нас во текот на нашето образование или професионално усовршување сме добиле милион пораки или совети дека треба да се обезбедиме, односно да го обезбедиме нашиот живот со конкретна работна позиција. Но, сепак јас никако не можам да го разбирам овој концепт. Затоа, направете го тоа што го сакате, за што имате желба и не стравувајте од неуспех. Бидете сигурни дека во одредена точка од вашиот живот немате да успеете, ќе се разочарате и ќе имате чувство дека не сте го постигнале тоа што вие го сакате. На почетокот на мојата кариера сметав дека сум способен да работам во меѓународна организација, но освен желба немав друг адут во себе си. Но сепак не се откажав, не се вратив назад, се молев, се молев за успех, и еве ме сега сум овде, со прилика да држам говор и да отворам настани организирани токму од тие меѓународни организации кои не ги прифатија моите апликации.“
Тој додаде дека, секој има вештини и можност за успех, но прашањето е дали се има храброст да не се успее. Како и дека за да може да се добие нешто што никогаш не сте го имале, рече Сабриу, треба да направите нешто што никогаш не сте го правеле.
Сабриу се осврна на Форумот за млади во Берлин, на кој учествуваше и пораките и заклучоците од истиот.
„Впечатоците се дека заедно сме посилни и заедно на ниво на регион можеме да постигнеме поголеми успеси во креирањето на политики и мерки, за младите конечно го заземат лидерското место во општеството,“ рече Сабриу.
Тој на крајот заврши со порака до младите: „Светот има потреба од вас. Затоа бидете гласни, храбри, одлучни и дадете се од себе. Одлучноста е клучот за остварување на вашите соништа. Не се плашете да направите грешки, затоа што секој неуспех е лекција. Следете ги вашите страсти, поставувајте си амбициозни цели и верувајте во себе. Светот ви е отворен, искористете го! Бидете храбри и одлучни — иднината е ваша!“