10.10.2024

Велковски по повод 59 години од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“-Скопје: Деинституционализацијата е успешна доколку продолжи грижата за децата и понатаму со понуда на различни социјални услуги

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на одбележување на 59-годишнината од основањето на ЈУ Детски Дом „11 Октомври“- Скопје.

Честитајќи ја годишнината, Велковски потсети на мисијата на Детскиот дом низ годините.

Осврнувајќи се на процесот на деинституционализација, заменик министерот Велковски рече: „Треба да разбереме дека деинституционализацијата не значи само преселба на корисниците од едно на друго место, туку значи да им понудиме различни социјални услуги во средината во која живеат и растат. И на крај враќање на децата во биолошките семејства. Токму тогаш ќе речеме дека процесот на деинституционализација е успешен процес во суштинска смисла на зборот”.

Воедно, тој додаде: „Во овој момент сакам да истакнам дека за да им обезбедите на тие деца поддршка од семејно опкружување, освен мали групни домови, потребно ни е да градиме една голема мрежа на згрижувачки семејства. Сакам да апелирам до стручните работници секој момент да го користат и да мотивираат граѓани кои би влегле во системот на згрижувачи затоа што таа е најблагородната професија на целиот свет”.

На самиот крај од своето обраќање, заменик министерот Велковски упати апел сите заедно да работиме за најдобриот интерес на овие деца.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }