П

 
  •  Паричен надоместок за телесно оштетување - осигуреникот кај кого телесно оштетување ќе настане за време на траењето на осигурување се стекнува со право на паричен надоместок за телесно оштетување. Висината на паричниот надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на телесното оштетување. 
  • Пензионерски дом- e станбена единица во која се сместуваат и живеат корисници на пензија. Правото на сместување се остварува во Фондот на ПИОМ по пропишани критериуми со Правилник на Фондот.
  • Пензиониран член - е физичко лице кое остварило право на пензија или пензиски надоместок од задолжително и/или доброволно капитално финансирано пензиско осигурување преку програмирани повлекувања или повеќекратни исплати и има индивидуална и/или професионална сметка во доброволен пензиски фонд од која ги врши повлекувањата на средствата.
  • Пензиска основица - месечниот просек на платите што осигуреникотги остварил за време на вкупното траење на осигурувањето, а најрано од 1 јануари 1970 година. Во пензиската основица покрај месечниот просек на плати, се земаат и надоместокот на плати, односно паричниот надоместок во случај на невработеност.
  • Пензиски надоместок - е вид на исплата на пензија од втор и трет пензиски столб.
  • Пензиски стаж - e времето поминато во осигурување  за кое е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување и времето што е утврдено како пензиски стаж според посебни законски одредби. 
  • Повеќекратна исплата- е повлекување на средствата од доброволна индивидуална или професионална сметка на член на пензиски фонд на неколку еднакви или различни рати во еднакви или различни периоди, се додека средствата на сметката не се потрошат. Со последната рата се исплатуваат сите средства од сметката.
  • Пренос на средства - е пренесување на средствата од една на друга индивидуална сметка на членот во ист или друг  пензиски фонд.
  • Привремени програмирани повлекувања во комбинација со одложен доживотен ануитет - е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кој започнува со исплата на програмирани повлекувања во тек на однапред определен број години и продолжува со одложен доживотен ануитет. Периодот на одложување на исплата на средствата за ануитет е еднаков на периодот на исплата на привремените програмирани повлекувања и се изразува како цел број на години или број деллив со 12 месеци. Изборот на привремени програмирани повлекувања и одложен ануитет се прави во исто време.
  • Причина на инвалидност - инвалидноста може да настане како последица на: болест, повреда надвор од работа, повреда при работа или професионално заболување - види инвалидност.
  • Програмирани повлекувања - е вид на исплата на пензија или пензиски надоместок кои месечно ги исплатува пензиско друштво до крајот на животот. или додека има средства на сметката на членот на пензискиот фонд. Висината на прграмираните повлекувања прв пат се пресеметува во моментот на остварувањето на пензијата или пензискиот надоместок и повторно се пресметува на секои 12 месеци од пензиското друштво. Исплатата на програмираните повлекувања се прекинува со искористувањето на средствата на индивидуалната, доброволната индивидуална или професионалната сметка на корисникот на пензија. Доколку корисникот на пензија почине, преостаните средства се наследуваат согласно закон.
  • Професионална болест - професионална болест се определени болести причинети со подолго непосредно влијание на процесот и условите на трудот врз работната способност на осигуреникот.
  • Професионална пензиска шема-е шема договорена меѓу работодавач и неговите вработени лица или здружение на граѓани и неговите членови, вклучена во доброволен пензиски фонд.
  • Професионална рехабилитација -е право од пензиско и инвалидско осигурување кое го остварува осигуреникот со утврдена професионална неспособност за работа до навршени 50 години на живот. Преку професионална рехабилитација осигуреникот може да се оспособи за работа со полно работно време на друга работа.
  • Професионална сметка - е сметка во доброволен пензиски фонд на име на вработен на која единствено работодавачот  уплаќа доброволен придонес или на име на член на здружение на граѓани на која единствено здружението  уплаќа доброволен придонес или на име на пензиониран член од која пензионираниот член ги повлекува средствата.
  • Професионални пензиски шеми претставува шема за уплата на доброволен придонес за пензиско осигурување од работодавач или здружение на граѓани за негови вработени или членови, вклучена во доброволен пензиски фонд.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }