27.02.2021

Шахпаска: Преку проширување  на капацитетот, детската градинка „Синоличка“ сега може да згрижи 164 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска ја посети детската градинка „Синоличка“ која претставува еден од објектите на ЈОУДГ „Ангел Шајче“, Општина Куманово, која што изминатиов период го прошири капацитетот за дополнителни 37 деца, со доизградба на нов дел поврзан со постоечкиот објект.

Повеќе
26.02.2021

Заменик министерот Хусејин учествуваше на он лајн конференција „Пристап на жените од руралните средини до правото на имот"

„Родовата еднаквост е заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2020-2024 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво“, истакна заменик министерот Енвер Хусејин на денешната он лајн конференција организирана од страна на национална федерација на фармери на темата „Пристап на жените од руралните средини до правото на имот".

Повеќе
24.02.2021

Шахпаска: Наскоро започнува изградба на нова детска градинка во Јосифово, инвестираме во раниот детски развој


Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната посета на Општина Валандово, заедно со градоначалникот на општината, Перо Костадинов и Спасе Додевски, Kоординатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост на Владата на РСМ, ги посетија Дневниот Центар за деца за попреченост и Детската градинка „Калинка“ во оваа општина.

Повеќе

24.02.2021

МТСП: Од утре почнува етапната исплата на февруарските пензии

Oд утре 25.02.2021 година, (четврток) почнува етапната исплата на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

23.02.2021

Шахпаска: Социјалните услуги ги приближуваме до граѓаните, потпишани Договори за грант со општините Делчево и Кочани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалниците на Општините Делчево и Кочани денеска потпишаа Договори за грант за развој на социјалните услуги на локално ниво.

Повеќе
23.02.2021

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Националниот сојуз на слепи лица: Продолжуваме со политиките кои обезбедуваат силна поддршка на слепите лица, како една од најранливте категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националниот сојуз на слепи лица, на која што разговараа за моменталната состојба во смисла на правата кои ги користат и можностите за нивно унапредување на оваа категорија на лица со попреченост.

Повеќе

20.02.2021

Заев и Шахпаска: Отворени се 9 нови градинки а до крајот на годината ќе се отворат уште 13 со вкупен капацитет за сместување на 1.384 деца

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Босилово Зоран Зимбаков, денеска при посетата на Босилово ја пуштија во употреба градинката „Среќни насмевки“.

Повеќе

19.02.2021

Шахпаска: Започна со градба Дневниот центар за деца со интелектуална и телесна попреченост и Центарот за сензорна интеграција во о.Гази Баба, се грижиме за најранливите 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска приуствуваше на започнување со градба на Дневен центар за деца со интелектуална и телесна попреченост и Центар за сензорна интеграција во населбата Железара, Општина Гази Баба.

 

Повеќе

18.02.2021

Шахпаска: Првиот Младински ресурсен центар во Гостивар е одговор на потребите на младите во Полошкиот регион, преку нивно активирање на  пазарот на трудот и поттикнување на претприемачкиот дух

Министерската за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на Младинскиот ресурсен центар „I can“ во Гостивар, прв од ваков тип во државата, а наменет за младите од Полошкиот регион. Мисијата на Центарот е подготовка на младите за активно учество на пазарот на трудот, поттикнување на претприемачкиот дух и иновативните бизнис решенија, поддршка на дигитализацијата и зелените идеи, како воспоставување поблиска соработка со приватниот сектор од регионот.

Повеќе

17.02.2021

Средба на министерката Шахпаска со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј, на која што се разговараше за изминатите и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава.

Повеќе
17.02.2021

Шахпаска: Пристапот кон социјалните услуги, вработувањето, образованието и домувањето  се главните теми на кои Министерството е подготвено да работи со цел реинтеграција на ранливите повратници во заедницата

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оддржа работен состанок со претставници на Светска банка на кој се разговараше за техничката помош и поддршка за ефективна реинтеграција на ранливите повратници, мигранти  од ЕУ кон Западен Балкан, со особено внимание на Ромите. Целта е  намалување на социо-економскиот јаз меѓу ромското и неромското население и спречување и заштита од нивна дискриминација.

Повеќе

15.02.2021

Шахпаска: Дијалогот е отворен, целта е јасна – недела ќе биде неработен ден, работниците имаат право на достоинствени примања и одмор

Еднаквост за сите и поголема заштита на работничките права е она кое што е приоритет на оваа Влада. Следствено квалитено законско решение за недела како ден на неделен одмор е од клучно значење.

Социјалните партнери се согласни дека исклучоци мора да има но само во одредени дејности и тоа само кај оние работодавачи каде работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет. За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата за работа во ден на неделен одмор согласно закон и колективен договор, им следи и ден за неделен одмор кој ќе го користат во друг ден од неделата.

Повеќе

15.02.2021

Недела да биде ден за неделен одмор, главна тема на денешниот состанок на министерката Шахпаска со Синдикатот на Клинички центар

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оддржа он лајн состанок со претставници на Синдикатот на Клинички центар, на кој што се разговараше за законското решение недела да биде ден за неделен одмор.

Повеќе

12.02.2021

Шахпаска: Искуството и вештините од обуките на Националниот демократски институт за меѓународни работи е драгоцено 

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на работен состанок со претставничките на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), за нашата држава.

 

Повеќе

12.02.2021

Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребите на пазарот на трудот, политиките во пензискиот систем, предучилишното образование и ранливите категории на граѓани

„Пописот e најмасовна, најобемна, најверодостојна статистичка и во никој случај политичка операција, која претставува важен индикатор за состојбата во која се наоѓа населението“, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  во своето обраќање кон граѓаните за значењето на пописот, како најважна статистичка операција.

Повеќе

11.02.2021

Шахпаска: Легализирани 55 ромски куќи и обновени девет во Општина Виница, како дел од програмата ИПА 2 на ЕУ, продолжуваме да се грижиме за најранливите категории на граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини и градоначалникот на Општина Виница Ивица Димитров, денеска беа во посета на ромската населба во Виница, со цел увид во тековните активности на проектот „Обезбедување на пристојни услови за домување на ромската заедница во Општина Виница“, како дел од ИПА II Акциска програма 2017.

Повеќе

11.02.2021

Заменик министерот за труд и социјална политика, Хусејин учествуваше на првата средба на Управувачкиот одбор во рамките на програмата “Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин како член на УО и Државниот советник за еднакви можности Елена Грозданова заменик член во УО, учествуваа на првата средба на Управувачкиот одбор формиран во рамките на програмата “Миграциски дискурс, политика и планирање базирано на докази“. 

Повеќе

10.02.2021

Шахпаска: Со засилена контрола на Државниот инспекторат за труд ќе се утврдуваат прекршувања на Законот и ќе се изрекуваат санкции кон прекршувачите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма Телевизија зборуваше за новото законско решение кое предвидува недела да биде ден за неделен одмор.„Државниот инспекторат за труд при контролите во надзорот кој го врши, утврдува доколку се прекршува членот 134 од Законот за работни односи кој што го регулира ова прашање и предвидува мерки и санкции согласно Законот за прекршоци“, истакна министерката Шахпаска во однос на прашањето како ќе се контролира почитувањето на Законот и работничките права.

Повеќе

10.02.2021

Шахпаска: Ниту Груевски кој побегна , ниту Заев како актуелен премиер кој се бори во најголемата криза, ниту министерката за труд и социјална политика им ги дава пензиите на пензионерите, тие тоа си го одработиле и заслужиле во нивниот работен век

„На законското решение, недела да биде ден за неделен одмор како Министерство за труд и социјална политика работиме изминатите три месеци. Преку бројни средби, дебати, состаноци, разговаравме со синдикатите како претставници на работниците, коморите, организацијата на работодавачи, всушност со сите засегнати чинители во општеството, сериозно дебатиравме за сите слабости и предности на ова решение. Недела-слободен ден за работниците, да бидат заедно со своите семејства, да ги продолжат оние семејни традиции на кои што изминатиов период во трка со времето се запоставија“, потенцираше министерката Шахпаска во утринската емисија на Сител ТВ, зборувајќи за измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува недела да биде ден за неделен одмор.

Повеќе

08.02.2021

Шахпаска: Министерството за труд и социјална политика продолжува со силна поддршка на работата на Националниот совет за безбедност и здравје при работа

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа (БЗР), проф. Д-р Чаловска и проф. Д-р Караџинска Бислимовска, членка на Советот на БЗР.

Повеќе
05.02.2021

Шахпаска на Економско- социјалниот совет: Законските измени за недела - ден за неделен одмор, што ги презентиравме денеска, се добра основа за да дојдеме до конечното решение  

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска пред членовите на Економско-социјалниот совет ја презентираше последната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор.

Повеќе
04.02.2021

Министерката Шахпаска на Првата редовна сесија на Извршниот одбор на УНДП/УНФПА/УНОПС, даде силна поддршка во име на Владата на РСМ за усвојувањето на Документот на програмата за државата на УНФПА за периодот 2021-2025 година

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како највисoк претставник на Владата на Република Северна Македонија, учествуваше на Првата редовна сесија на Извршниот одбор на УНДП/УНФПА/УНОПС, одржана на 3 февруари, на која даде силна поддршка во име на Владата за усвојувањето на Документот на програмата за државата на УНФПА за периодот 2021-2025 година. 

Повеќе

03.02.2021

МТСП учествуваше во подготовка на Препораката на Советот на Европа за почитување на човековите права во време на криза, со посебен фокус на ранливите групи  

Постојаниот комитет за борба против дискриминација, разновидност и инклузија (Steering Committee on Anti-Discrimination, Diversity and Inclusion (CDADI)  кој беше формиран од Комитетот на министри на Советот на Европа во 2019 година денеска усвои „Препорака на Комитетот на министри на Советот на Европа за почитување на еднаквоста и заштита од дискриминација и омраза за време на Ковид-19 и слични кризи во иднина”, која се очекува да биде усвоена и од Комитетот на министрите на седницата што ќе се одржи во мај, оваа година.

Повеќе

03.02.2021

Заев и Шахпаска: Градиме системски решенија за најранливите граѓани да добијат домување, пристап до здравство, образование и вработување

Претседателот на Владата Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ЕУ амбасадорот во земјата Дејвид Гир, пратеничката Латифа Шиковска и претставници на граѓанските организации и на општините имплементатори на проектите, го најавија почетокот на реализација на проекти за домување на Ромите.

Повеќе

03.02.2021

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 февруари (четврток) 2021 година започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јануари 2021 година.

Повеќе

02.02.2021

Влада и Светска банка: Човечкиот капитал е приоритет - вложуваме во луѓето, градиме стратегии

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, министерката за образование и наука, Мила Царовска, како и претставници од канцеларијата на претседателот на Владата и од Министерството за здравство, одржаа онлајн состанок со директорот на Светска банка за Северна Македонија, Масимилијано Паолучи, и експертски тим на Светската банка.

Повеќе

01.02.2021

Министерката Шахпаска денеска се сретна со новите членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со новите членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кои добија поддршка од пратениците во Собранието со 61 глас „ЗА“.

Повеќе

01.02.2021

Економско-социјалниот совет дискутираше за концептот на петиот пакет економски мерки

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, а учествуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и претставници на социјалните партнери, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи беше разгледан концептот на петиот пакет економски мерки како помош и поддршка на стопанството и граѓаните.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }