31.05.2021
Министерката Шахпаска на состанок со претставници на Венецијанската Комисија: Предлог Законот за родова еднаквост обезбедува остварување на потполна родова еднаквост во општеството и еднакви шанси за сите
„Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите претставува заедничка обврска и приоритет на Владата на Република Северна Македонија и како таква, таа е дел од Програмата на Владата 2020-2024 година“, истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешниот состанок со претставници на Венецијанската Комисија, на кој се разгледуваше новиот предлог Закон за родова еднаквост.
Повеќе
28.05.2021
Министерката Шахпаска на одбележување на 145 години од Разловечко востание: Заради непоколебливоста на нашиот народ и нескршливоста на неговиот дух, денес Република Северна Македонија е слободна, независна и современа држава
„Разловечкото востание има посебно значење за македонскиот народ. Со него започнува организираната борба против неправдата, угнетувањето, теророт врз македонскиот народ за време на петвековното османлиско ропство. Тоа е симбол на непокорот на нашиот македонски народ и предвесник на неговата борба за слобода“ истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод одбележувањето на 145 години од Разловечкото востание во село Разловци.
Повеќе
28.05.2021
Шахпаска: Разловци ја добива својата прва градинка, се грижиме за секое дете без разлика дали е од градска или рурална средина
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски направија увид во градежните работи на новата детска градинка во село Разловци, Општина Делчево.
Повеќе
27.05.2021
Министерката Шахпаска на “Избор на најуспешни жени менаџерки”: Низ личен пример воспоставете ја родовата еднаквост во бизнисите кои вие ги водите, само на тој начин ќе постигнеме целосна родова еднаквост
„Да се биде жена лидер е навистина предизвик, потребна е желба и двојно поголем напор од мажите за да се постигне целта. На пречките и на проблемите треба да им се погледне во очи и кога сите ве убедуваат дека е тешко, треба да се биде упорен и да се продолжи понатаму. И токму тоа го гледам во оваа сала. Гледам храбри и силни жени чиј успех не бил лесен, гледам жени кои се соочувале со предизвици, но се доволно храбри да сонуваат и се доволно упорни да го остварат својот сон“, порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на 25-тата јубилејна манифестација “Избор на најуспешни жени менаџерки”.
Повеќе
27.05.2021
Шахпаска: Отворени две куќи за живеење со поддршка во Демир Капија, процесот на деинституционализација продолжува
„Навистина ми претставува голема чест и задоволство што денеска во Демир Капија, го воспоставуваме живеењето со поддршка односно отвораме две станбени единици, во кои што ќе бидат сместени довчерашни девет станари на Специјалниот Завод Демир Капија“, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешниот настан по повод отворањето на две куќи наменети за живеење со поддршка во Демир Капија, како дел од процесот на деинституционализација. На настанот присуствуваше и Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка во Делегацијата на Европската Унија и градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров.
Повеќе
26.05.2021
Шахпаска: Изградбата на две нови детски градинки во Општина Струмица е потврда за плодната соработка меѓу министерството и општината
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, денеска остварија работна средба, на која разговараа за тековните и идни проекти кои се од интерес на граѓаните на оваа општина.
Повеќе
26.05.2021
Министерката Шахпаска на седницата на ЕСС: Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи
„Работата на далечина ќе биде вградена во новиот Закон за работни односи. Во периодот на пандемија како општество направивме сериозен исчекор во прилагодување на работниот процес онаму каде што можеше согласно условите кои што беа наметнати од новонастанатата состојба“, потенцираше министерката Јагода Шахпаска на денешната седница на Економско социјалниот совет, во врска со анализите направени од страна на Меѓународната организација на трудот(МОТ).
Повеќе
26.05.2021
МТСП: Во тек е етапната исплата на мајските пензии
Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Повеќе
25.05.2021
Министерката Шахпаска и директорот на АВРСМ, Демири: Граѓаните добиваат дополнителна шанса за вклучување во најатрактивните програми и мерки од Оперативниот план 2021
Најатрактивните програми и мерки од Оперативниот план 2021, за кои изминатиов период имаше најголем интерес, од денес повторно им се достапни на граѓаните, информираа на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири.
Повеќе
21.05.2021
Министерката Шахпаска на промоција на Националната платформа за женско претприемништво: Развојот на женското претприемништво и надминувањето на стереотипите носат напредок на целото општество
„Еднаквост во општеството, еднаков пристап до ресурси на мажите и жените, еднакви шанси за напредок, рамноправност за сите... Вакво општество креираме и кон оваа цел како Влада се стремиме“, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во своето обраќање на денешниот настан на кој беше промовирана ,,Националната платформата за женско претприемништво”.
Повеќе
20.05.2021
Шахпаска: Обезбедуваме лична асистенција и за децата од 6 до 18 годишна возраст, 200 деца добиваат лични асистенти како поддршка во секојдневните активности
„Личната асистенција претставува индивидуaлна помош и поддршка за лица со потешка и најтешка физичка попреченост и потполно слепи лица, чија цел е независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и вршење на секојдневните активности. Предложените измени во Законот за социјална заштита, во делот на личната асистенција, се однесуваат на спуштање на возрасната граница од 18 на 6 годишна возраст за услугата лична асистенција, а придобивката од ова законско решение е дополнителни 200 корисници на возраст од шест до 18 години да добијат лични асистенти“, подвлече министерката Јагода Шахпаска, на денешната јавна расправа за предложените измени во Законот за социјална заштита, во Собранието на Република Северна Македонија.
Повеќе
19.05.2021
МТСП: Во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период
Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплатата на образовниот додаток за третиот мерен период.
Повеќе
19.05.2021
Шахпаска на средба со Сојузот на здруженија на пензионери: Продолжуваме со грижата за највозрасната категорија на граѓани, ги доближуваме социјалните услуги во местото на живеење, инвестираме во нови домови за стари лица
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери.
Повеќе
17.05.2021
Шахпаска на панел дебата по повод 17 мај-Меѓународен ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија: Преку законски решенија, стратегии и Национален акциски план, ги унапредуваме правата на ЛГБТИ заeдницата, затоа што сите граѓани се важни
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на панел дебата по повод 17 мај-Меѓународен ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија, организирана од Делегацијата на ЕУ во земјава, на која учествуваа и амбасадорот Дејвид Гир, пратеничката Морачанин, преставници на граѓански организации и Комисијата за заштита и спречување од дискриминација.
Повеќе
14.05.2021
Министерката Шахпаска на состанок со Мисијата на ММФ: Зачувавме 80 илјади работни места, продолжува процесот на економско заздравување, креираме современа регулатива за работните односи
Владата на Република Северна Македонија заслужува признание за политиките што ги презеде и за начинот на кој се справуваше со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, беше заклучено на денешниот онлајн состанок што министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го одржа со претставници на Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд.
Повеќе
10.05.2021
Шахпаска: Многу е значајно сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски.
Повеќе
07.05.2021
Министерката Шахпаска на тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на тркалезна маса на тема „Дали неформалните работници останаа без економска вакцина во услови на Ковид 19?“, на која што се презентираше „Анализата за ефектот од Ковид-19 врз работниците кои се дел од неформалната економија и привремено вработените работници, преку предлог мерки за нивна поддршка“, во организација на Аналитика тинк-тенк, а со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Повеќе
06.05.2021
Шахпаска: Со деинституционализацијата Заводот за рехабилитација Бања Банско ќе прерасне во современ давател на социјални услуги
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска го посети Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско во Општина Струмица кој што претставува дел од процесот на деинституционализација започнат со воведувањето на социјалната реформа.
Повеќе
05.05.2021
Заменик министерот, Хусејин го посети здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА"
Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин денеска изврши го посети здружението на лица со посебни потреби ,,СОС ВИТА" со цел донирање на опрема односно инвалидски колички и средства за хигиена кои во март месец беа донирани од страна на Црвената полумесечина на Република Турција.
Повеќе
05.05.2021
Министерката Шахпаска на работен состанок со Фондацијата Отворено општество – Македонија: Продолжуваме со реализација на заложбите кои значат испорака на потребите на ранливите категории граѓани
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн работен состанок помеѓу Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) и претставници од Министерството за труд и социјална политика.
Повеќе
05.05.2021
Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме од Комисијата за заштита од заразни болести да дозволи зголемување на групите
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На средбата се разговараше за состојбата за упис на децата во градинките, како и за потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките.
Повеќе
04.05.2021
МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец април 2021 година.
Повеќе