31.03.2021

Се зголемува минималната плата, недела ќе биде неработен ден, работниците во трговските центри ќе имаат и двојна дневница и слободен ден

Економско социјалниот совет (ЕСС) на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, ја утврди висината на минималната плата, во согласност со Законот за минимална плата, кој предвидува нејзино усогласување во март секоја година.

Повеќе

31.03.2021

Шахпаска: Донацијата на инвалидски колички од турската Црвена полумесечина е потврда за одличната соработка, поддршка и пријателски односи со Р.Турција

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со заменик министерот Енвер Хусејин, државниот секретар Ресми Ејупи, генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити, остварија средба со генералниот директор на Црвената Полумесечина на Република Турција, Ибрахим Алтан. Повод за денешната средба беше донација на инвалидски колички, слушни апарати и средства за хигиена од страна на Црвената полумесечина за нашата држава, наменета за лицата со попреченост како најранлива категорија на граѓани.

Повеќе

31.03.2021

Министерката Шахпаска се обрати на Форум во Мексико: Жената има право на репродуктивна слобода, самата да одлучува за сопственото тело

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска се обрати на „Generation Equality Forum“, кој се оддржа онлајн оваа година со седиште во Мексико Сити од 29-31 март, во  организација на UN Women и владите на Франција и Мексико.

Повеќе

29.3.2021

Јавна расправа за изградба на нова градинка во Матејче, општина Липково

Учесниците на јавната расправа, која заради заштита од Ковид-19 се одржа преку видео врска, имаа можност да се запознаат со проектот за изградба на нова детска градинка на територијата на општина Липково.

Конкретно, новата градинка ќе се гради во населеното место Матејче и ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 6 месеци до 6 години. На јавната расправа заинтересираните  граѓани и претставниците на засегнатите страни детално се запознаа со графичкиот план на објектот, описот на локацијата каде ќе биде изграден, неговиот капацитет, како и со предвидените проектни и градежни активности кои се детално опишани во документот „Првичната ограничена оценка за влијание врз животната средина и социјалните аспекти при изградба на нова градинка во општина Липково“.

Повеќе

26.03.2021

МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на мартовските пензии

Oд понеделник 29.03.2021 година, почнува етапната исплата на мартовските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе
25.03.2021

Шахпаска: Пописот ќе даде реална слика за потребата од нови градинки, пензионерски домови и Дневни центри за лица со попреченост

„Пописот на бездомните лица е целосно завршен. Попишани се сите кои се сместени во објектите за коишто Министерството за труд и социјална политика создаде услови заедно со Државниот завод за статистика“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во одговор на прашање во врска со пописот.

Повеќе

25.03.2021

Шахпаска: Отворен нов Дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост со капацитет за 24 лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на  новиот Дневен центар  за деца и млади со интелектуална попреченост при Јавната установа Завод за рехабилитација на деца и млади, Општина Бутел -Скопје.

Повеќе

25.03.2021

Заменик министерот за труд и социјална политика, Хусејин на онлајн средба по повод Денот за подигање на свеста за церебрална парализа

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин денес учествуваше на онлајн средбата во организација на движењето на родители на деца и лица со телесна попреченост-НВО ПРКОС.

Повеќе

23.3.2021

Шахпаска:  Унапредувањето на родовата еднаквост е наша обврска на која продолжуваме посветено да работиме 

Министерката за труд  и социјална политика, Јагода Шахпаска  имаше свое обраќање на  65 сесија на Комисијата за статусот на жените на Обединети нации  која се одржува од 15 до 26 март 2021 година на тема „Целосно и ефективно учество на жените во донесување на одлуки во јавниот живот  и зајакнување на жените’’.

Во своето обраќање, министерката Шахпасака посочи дека Република Северна Македонија се приклучува на изјавата на Европската Унија која се однесува на статусот на жените дадена на почетокот од  генералната дебата.

Повеќе
22.03.2021

Шахпаска: Реинтеграција на ранливите повратници во заедницата е прашање на кое Министерството со поддршка на ЕПИ, УНДП и Светска банка подготвено ќе одговори

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставничките на Институтот за европски политики (ЕПИ) разговараше за регионалниот проект поддржан од ЕУ за темелните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците од ЕУ. Проект кој го спроведуваат Светска банка, УНДП и Советот на Европа, а директен корисник е Министерсвото за труд и социјална политика.

Повеќе

19.03.2021

Шахпаска: Градинката „Детелинка“ во Ѓорче Петров го проширува капацитетот за дополнителни 90 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, денеска извршија увид во градежните активности на ЈОУДГ „Росица“, објект „Детелинка“, со цел нејзино проширување.

Повеќе

19.03.2021

Средба на министерката Шахпаска и претставничката на УНИЦЕФ, Ди Џовани: Продолжува успешната соработка со УНИЦЕФ, усогласен и потпишан Планот за соработка 2021 година

Министерката за труд и социјална политика,Јагода Шахпска и претставничката на УНИЦЕФ во нашата држава, Патриција ди Џовани, денеска ја потпишаа Програмата за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ за 2021 година, која е дел од Програмата за соработка на УНИЦЕФ со Северна Македонија 2021- 2025 година.

Повеќе

18.3.2021

Економско-социјалниот совет ја одржа десеттата седница

Економско социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната десетта седница дебатираше за неколку точки. На седницата беше отворено прашањето за усогласувањето на висината на минималната плата согласно Законот за минимална плата, при што беа презентирани податоците врз основа на кои кои се врши усогласување на минималната плата. Членовите на ЕСС се согласија дебатата по оваа точка да продолжи следната седница.

Повеќе

18.03.2021

Средба на министерката Шахпаска со чешкиот амбасадор во земјава Томан: Република Чешка е силен поддржувач на нашата земја во евроинтегративниот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Томан.

Повеќе

18.03.2021

Комитетот на министри на Совет на Европа ја усвои Декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи

Еднаквоста помеѓу жените и мажите е меѓу основните човекови права што сите земји-членки на Советот на Европа се обврзаа да ги почитуваат. Тоа е впишано во најосновните правни инструменти донесени од Организацијата, вклучувајќи ја и Европската социјална повелба.

Повеќе

12.03.2021

Шахпаска: Дневниот центар за лица со попреченост во Берово со проширен капацитет, продолжуваме со грижата за најранливите категории граѓани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска беше во посета на Општина Берово, при што покрај средбата со градоначалникот Звонко Пекевски, го посети и Дневниот центар  за лица со физичка или ментална попреченост и Центарот за социјални работи.

Повеќе

11.03.2021

Презентиран Оперативниот план за 2021 година - За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информираа на прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Нарине Сахакјан.

Повеќе

10.03.2021

Шахпаска: Продолжуваме со заложбите за уште поголема вклученост на лицата со попреченост во политичкиот живот, да бираат и бидат избрани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на настанот „Промоција на наоди од мониторинг на лица со попреченост“ организиран од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, на кој беа презентирани резултатите и препораките од мониторингот од Парламентарните избори 2020 година.

Повеќе

09.03.2021

Министерката Шахпаска на средба со претставици на Економско – социјалниот совет на Франција

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници на Економско-социјалниот совет на Република Франција, г-дин Жан-Мари Камбасерес, претседател на Комисијата за меѓународни прашања на ЕСС и Адриен Лабун, советник од истата Комисија. На средбата се разговараше за активностите, надлежностите и значењето на Економско социјалниот совет во нашата држава, како советодавно трипартитно тело значајно за функционирање на социјалниот дијалог меѓу синдикатите како претставници на работниците, здруженијата на работодавачи и Владата.

Повеќе
08.03.2021

Шахпаска: Родова еднаквост е еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд и еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот

На тема „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални - како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, денеска зборуваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како дел од учесниците на 12 издание на Вечери на женски права во организација на Институт за човекови права.

Повеќе
08.03.2021

Министерката Шахпаска: Со заедничка работа ќе постигнеме социјалната кохезија во пост-кризниот период кој следува

Денес, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, се обрати на настанот организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на кој беше презентирана „Анализата на влијанијата на КОВИД-19 врз родот и различностите“, нејзините главни наоди и препораки.

Повеќе

08.03.2021

Шахпаска: Борбата за родова еднаквост продолжува и нема да престане​ до исполнување на целта

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на он лајн состанок со кој се означи почетокот на неколку дневните обуки кои имаат за цел градење на капацитетите на одговорните институции, задолжени за  имплементација на новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Повеќе

04.03.2021
Заменик министерот Хусејин на примопредавање на донација од УНХЦР

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, денеска присуствуваше на примопредавање на донација од УНХЦР за потребите на Прифатно-Транзитниот центар- Винојуг, Гевгелија.


Повеќе

04.03.2021

Шахпаска: Министерството продолжува со поддршката на ромската заедница, преку активно вклучување на Ромите на пазарот на труд, предучилишното образование и обезбедување на лични документи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставниците на Институтот за истражување и политики- Ромалитико кои преку анализи и истражувања креираат политики преточени во проекти со цел зајакнување на ромската популација во нашата држава.

Повеќе

03.03.2021

Шахпаска и Симовски: Почна попишувањето на бездомните лица, пописот е важна, сеопфатна и најмасовна статистичка операција врз чија основа ќе се креираат развојни политики​  за државата, за граѓаните

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска го посетија Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства – Визбегово, каде што во тек е пописот на лицата сместени во него, како дел од процесот на претпопишување на одделни категории на лица, процес кој започна на 1 март, а ќе трае до 15 март.

Повеќе

03.03.2021

МТСП: Од утре започнува исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од утре 4 март (четврток) 2021 година започнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец февруари 2021 година.

Повеќе
02.03.2021

Заев и Шахпаска: Целосно обновена градинка и народна кујна за Шуто Оризари - општествена одговорност за достоинствен живот за сите

„Општинската народна кујна е пример на кој можат да се угледаат и другите општини каде што живее население во социјален ризик. Посебно сакам да ја истакнам улогата на волонтерите во народната кујна, готвачите и оние што ја разнесуваат приготвената храна на своите сограѓани. Сакам да им честитам на сите општествено одговорни компании и фондации кои учествуваат со свои донации народната кујна секојдневно да ја исполнува својата хумана мисија. Тие се инспиративен пример за да се вклучат што поголем број на компании, бизнисмени, политичари со свој придонес во вакви општествено одговорни проекти“, истакна премиерот Заев на денешната посета на народната кујна во Шуто Оризари која секојдневно готви 320 до 380 топли оброци во кујната на „Детската градинка 8 април“.

Повеќе

01.03.2021

Средба на министерката Шахпаска со италијанскиот амбасадор Силвестри: Северна Македонија има силна поддршка од Р. Италија во борбата за заштита на човековите права, антидискриминацијата и заштита од насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпака денеска се сретна со Н.Е.  Андреа Силвестри, амбасадорот на Република Италија во нашата држава.

Повеќе

01.03.2021

Шахпаска: Убавината на општеството ја прават различностите, денес го одбележуваме 1 март - Ден на нула дискриминација

По повод 1 март - Денот на нула дискриминација, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, порача дека оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика, направи сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }