Јавна расправа за изградба на нова градинка во Матејче, општина Липково

Учесниците на јавната расправа, која заради заштита од Ковид-19 се одржа преку видео врска, имаа можност да се запознаат со проектот за изградба на нова детска градинка на територијата на општина Липково.

Конкретно, новата градинка ќе се гради во населеното место Матејче и ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 6 месеци до 6 години. На јавната расправа заинтересираните  граѓани и претставниците на засегнатите страни детално се запознаа со графичкиот план на објектот, описот на локацијата каде ќе биде изграден, неговиот капацитет, како и со предвидените проектни и градежни активности кои се детално опишани во документот „Првичната ограничена оценка за влијание врз животната средина и социјалните аспекти при изградба на нова градинка во општина Липково“.

„Оваа дискусија беше добра можност граѓаните и сите директно засегнати страни да ги добијат основните информации, како и одговорите на нивните прашања во врска со реализацијата на изградбата на детската градинка. Истовремено, ова беше одлична можност да се слушнат нивните мислења и предлози за евентуални подобрувања на проектот. Радува фактот дека учесниците во јавната расправа ја поздравија реализацијата на овој проект со кој општината Липково, во која според последните статистички податоци има околу 2200 деца на возраст до 6 години, ќе добие детска градинка со капацитет од 102 нови места“, изјави Наташа Т. Стојановска, претставник на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Изградбата на новата градинка во Матејче е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот во системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Во рамки на оваа компонента, во тек се активности за изградба на нови и адаптација на постоечки установи за згрижување на деца од предучилишна возраст во 17 општини ширум земјата кои доставија свои апликации. Откако ќе бидат изградени, новите детски градинки ќе обезбедат дополнителни 7500 места за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.

Повеќе информации за активностите во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) можат да се најдат на: www.ssip.mk.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }