18.03.2021

Средба на министерката Шахпаска со чешкиот амбасадор во земјава Томан: Република Чешка е силен поддржувач на нашата земја во евроинтегративниот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Томан.

“Од голема важност е поддршката која Република Чешка ја дава на нашата земја на евроатланскиот пат. Секој реализиран проект, секое споделено искуство, секоја укажана помош е значајна за нас и ни помага во евроинтегративниот процес” истакна министерката Шахпаска.

Покрај билатерланиот договор за социјално осигурување, кој Република Северна Македонија и Чешка Република, го имаат потпишано, а кој опфаќа и уредува права од социјалното осигурување, двете земји соработуваат и на други значајни области како што е заштитата на човековите права, маргинализираните категории на граѓани, зајакнување на социјалниот дијалог, политики за пазарот на труд и вработување.

На средбата се разговараше за искуствата во однос на справувањето со кризата предизвикана од Ковид-19 и начините за полесно надминување на пост кризниот период. Во таа насока од страна на министерката беа посочени петте пакети економска помош од страна на Владата, кои претставуваат помош и поддршка на економијата, компаниите, граѓаните со акцент на најпогодените сектори и категории на граѓани.

Предложени се неколку проекти кои ќе помогнат во дигитализирање на работите во нашата земја и кои ќе помогнат при едукацијата на маргинализираните категории на граѓани.

И двете страни изразија подготвеност за интензивирање на соработка и реализирање на повеќе проекти во областите кои се спаѓаат под ингеренција на Министерството за труд и социјална политика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }