| 
 Законска основа за остварување на услугата/правото 
 | 
 Член 27 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 4 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството  и семејството за правата детски додаток, родителски додаток  за  дете  и  додаток  за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19,  116/19, 234/20, 222/21 и 24/22)  
 | 
| 
 Потребни документи за остварување на правото/услугата 
 | 
 1.Важечка лична карта на подносителот на барањето, лична карта за постојан престој на странец, која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето (за сите полнолетни членови на домаќинството); 
2.Пресуда за развод на брак – правосилна судска пресуда/ фотокопија од извод на матична книга на родени на родителот подносител на барањето не постар од шест месеци- за разведен брак /вдовец-вдовица (оригиналот се доставува на увид); 
3. Пресуда за определена законска издршка; 
4. Договор за извршување на работи во врска со спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија; 
5. Потврда од банка за штеден влог; 
6. Доказ дека едниот родител живее во брачна и/или вонбрачна заедница; 
7. Доказ дека едниот родител е исчезнат- доказ од надлежен суд; 
8.Доказ за временски период за издржување на казна затвор/правосилна извршна пресуда; и 
9. Копија од трансакциска сметка на лицето на кое се врши исплата согласно подзаконската регулатива. 
За корисник на гарантирана минимална помош кој има дете - подноситетелот кон барањето приложува на увид важечка лична карта од точка 1. на барањето која се доставува само на увид за докажување на идентитетот, државјанството и живеалиштето и копија од трансакциска сметка на лицето на кое се врши исплата согласно подзаконската регулатива. 
 | 
| 
 Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа) 
 | 
 Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)  непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање  такси  пред надлежните органи 
 |