| 
 Законска основа за остварување на услугата/правото 
 | 
 Член 33 од Закон за заштита на децата (,,Службен весник на РМ“ бр. 23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19, 146/19, 275/19. 311/20, 294/21, 150/22 и 236/22) член 12 од Правилникот за поблиските услови и начинот на остварување на правата за заштита на децата, како и утврдување на  состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството  и семејството за правата детски додаток, родителски додаток  за  дете  и  додаток  за образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 109/19,  116/19, 234/20, 222/21 и 24/22)  
 | 
| 
 Потребни документи за остварување на правото/услугата 
 | 
 1. Важечка лична карта на подносителот на барањето се доставува на увид за докажување на идентитетот и живеалиштето, 
2. Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во интелектуалниот или телесниот развој и специфичните потреби на детето; 
3. За самохран родител, доколку едниот родител е починат –извод од матична книга на умрените; за разведен брак –правосилна судска пресуда, доказ дека родителот не е во брачна заедница -препис на извод од матична книга на родени не постар од шест месеци, или дека родителот не е во вонбрачна заедница- изјава дека не е во вонбрачна заедница, доказ од надлежен суд дека едниот родител се води за исчезнат, а за родител кој се води за непознат препис на извод од матична книга на родените на детето; и 
4. Копија од трансакциска сметка на лицето на кое се врши исплата, согласно Законот за заштита на децата. 
 | 
| 
 Право на правна заштита (институција до која се доставува жалбата/тужбата/приговорот, адреса на институцијата, износ на административна такса доколку се плаќа, жиро сметка на која се плаќа) 
 | 
 Жалбата се поднесува до Министерството за труд и социјална политика (ул. Даме Груев број 14, Скопје)  непоредно или преку Центарот за социјална работа. Против решението на Министерството за труд и социјална политика може да се поднесе тужба пред Управен суд. Корисниците се ослободени од плаќање  такси  пред надлежните органи 
 |